НАЈНОВО
Автор: Press Online
52 Австриските власти ги проучуваат снимките од концертот на Марко Перковиќ Томпсон во Загреб и доколку утврдат дека некој од 18.000 купувачи на билети од таа земја, особено оние со регулиран привремен престој во Австрија, извикал „За дом спремни“, ќе се соочи со сериозни последици, што може да вклучува и одземање на правото на престој, пишува „Н1 телевизија“. Според организаторите, меѓу половина милион посетители на концертот, повеќе од 18.000 од нив купиле билети во Австрија. Целта на австриските служби е да утврдат дали Хрватите со австриско државјанство или лицата со регулиран привремен престој во Австрија ги прекршиле строгите австриски закони…
13 Договорот за испорака на системот „Патриот“ на Киев ги откри вистинските намери на американскиот претседател Доналд Трамп, насочени кон спречување на иницијативата на Русија за решавање на украинската криза, пишува германскиот весник „Берлинер Цајтунг“. „Сега е ред на Путин, и сето тоа благодарение на договорот за оружје меѓу САД и НАТО (за Украина), кој ги откри вистинските намери (на Трамп)“, се наведува во статијата. Според весникот, Трамп, откако не успеа да го надмудри Путин, одлучил да употреби тактики на закана, ветувајќи дека ќе ги зголеми царините, но малку е веројатно дека ќе успее. „Трамп ќе може само уште еднаш…
Овен Петок носи возбудливи можности за нови потфати. Вашата природна лидерска енергија е зголемена, но денес фокусирајте се на слушање на другите. Неочекувана средба би можела радикално да ја промени вашата перспектива. Верувајте му на вашиот прв импулс кога донесувате важни одлуки. Бик Последниот работен ден од неделата ве поканува да размислите за вашите финансиски планови. Стабилноста кон која се стремите е на дофат. Романтичните енергии се исклучително силни – отворете го срцето за нешто убаво. Малку трпение ќе вроди со голем плод. Близнаци Комуникацијата е ваша супермоќ овој петок! Уран во вашиот знак ви дава неверојатна јасност на мислата…
17 Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека забранетиот поздрав „За дом спремни“, кој го користеле усташите во Втората светска војна и припадниците на Хрватските одбранбени сили за време на војната во 1990-тите, не треба да се користи. Милановиќ им изјави на новинарите дека Хрватските одбранбени сили се „доброволна милиција во рамките на политичка партија (Хрватска партија за правата)“, која била „укината во јануари 1992 година“ од првиот претседател на Хрватска, Фрањо Туѓман, според Кабинетот на претседателот на Хрватска. „Хрватската партија на правата не случајно го зеде името на Хрватските одбранбени сили и не случајно го зеде (поздравот) За дом спремни.…
7 Французите отворија истрага против Килијан Мбапе за наводни лажни плаќања! Државното обвинителство започна истрага за потенцијално сомнителни плаќања што францускиот голгетер и член на Реал Мадрид им ги дал на пет полицајци задолжени за безбедноста на француската репрезентација. Истрагата беше започната по дојава од единицата за борба против перење пари, која извести дека имало необични финансиски трансакции во корист на пет полицајци. „Истрагата е во тек. Поради сложената природа на финансиските трансакции, потребно е дополнително да се утврди дали се извршени кривични дела“, објави обвинителството. Мбапе наводно платил нешто повеќе од 180.000 евра „на црно“ за приватни услуги. Набрзо…
„Информациите говорат дека одредени кругови во СДС и блиски до нив, се целосно финансирани од бугарски фондови, а до цел оркестрирано измислување и ширење на лаги и конструкции за политичари од ВМРО-ДПМНЕ и државниот врв. Ова што го зборуваме, многу јасно се гледа и од брзината со која фабрикациите за ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски од бугарските медиуми, се шират во македонскиот етер од структури блиски до СДС. Како поткрепа на оваа антимакедонска пропаганда, стои Венко Филипче и неговата скриена за јавноста позиција, дека ќе прифати внесување на Бугарите во Уставот, без било какви барања“ изјави Лефков. Целта на напад, како…
26 Поранешната манекенка и поранешна девојка на осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн упати нови, сериозни обвинувања против Доналд Трамп. Во петокот, таа за Со-Ен-Ен изјави дека нејзиниот поранешен партнер и американскиот претседател биле исклучително блиски, што фрла нова светлина врз контроверзноста околу случајот Епштајн, пишува „Huffpost“. „Тие беа најдобри пријателки“, изјави Стејси Вилијамс за Бријана Кејлар од „CNN“. „Бев во врска со Џефри четири или пет месеци и единствениот пријател што го споменуваше секој пат кога се среќававме или разговаравме по телефон беше Доналд“.Сериозни обвинувања за злоставување Вилијамс го опиша Трамп како „сопруг“ и „десна рака“ на Епштајн, тврдејќи дека…
Доцна попладнево, на пешачката патека меѓу хотелот „Инекс“ и излезот кон плажата во Охрид, е пронајдено безживотно тело на маж. Според првичните неофицијални информации, лицето е идентификувано и се работи за маж кој имал здравствени проблеми. Се претпоставува дека причината за смртта е срцев удар. Локацијата на која е пронајдено телото се наоѓа во непосредна близина на претседателската вила. Местото е обезбедено, а полициски екипи вршат увид.
10 Собранието на Косово не е конституирано ниту во 49.обид, бидејќи денеска од присутните 90 пратеници, 50 гласаа за формирање комисија за тајно гласање за претседател на таа институција. Претставниците на Демократската партија на Косово, Демократскиот сојуз на Косово, Српската листа и коалицијата Алијанса за иднината на Косово НИСМА одбија да предложат членови на изборната комисија и не учествуваа во гласањето за формирање на изборната комисија. Претседателот на конститутивната седница, Авни Дехари ѝ наложи на собраниската служба да ги исклучи микрофоните на претставниците на тие партии кога повикаа на почитување на одлуката на Уставниот суд. Следното продолжение на конститутивната седница…
Соопштение на Левица Во целост ги демантираме дезинформациите што кружат во јавноста дека наводно преговараме за предизборни коалиции во пресрет на претстојните локални избори! #Левица не води никакви разговори ниту со СДС, ниту со ДПМНЕ, а најмалку со ДУИ или било која друга партија за коалицирање. Нашиот став по однос на предизборните коалиции е јасен и непроменет – забрана на предизборните коалиции! Левица ќе настапи САМОСТОЈНО, без политички пазари и без партиски договори зад затворени врати. Спроведениот јавен повик за кандидирање за градоначалници преку Левица е доказ за нашата отвореност кон граѓаните и потенцијалот на Републиката – поддржуваме луѓе со…
Секторот за внатрешни работи Скопје дека поради одржување на Европските младински игри Скопје 2025 во кајак на реката Треска-кањон Матка, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во тој дел од градот Скопје. Изменетиот режим ќе биде в понеделник, вторник и среда од 08 до 14 часот, а во четврток од 08 до 16.30 часот. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, со цел да се обезбеди безбедно одвивање на сообраќајот
Голем пожар зафати земјоделско земјиште кај селото Ложани, во општина Струга, при што биле зафатени околу 20.000 метри квадратни посеви со пченица, јачмен и со други земјоделски култури, информираше денеска СВР Охрид. Пожарот избувнал на 19 јули околу 13:13 часот, а местото на настанот било сопственост на повеќе жители од селото. Во интервенцијата учествувала Територијалната противпожарна единица Струга, но тројца пожарникари добиле респираторни проблеми поради вдишување чад. Тие биле пренесени и задржани на лекување во Општата болница во Струга. Пожарот бил целосно изгаснат, а причините за неговото избувнување се сѐ уште непознати.
