Автор: Press Online

Локалните избори во Северна Македонија се очекува да бидат распишани во првата половина на август, со можни датуми за првиот круг на 19 или 26 октомври. Иако официјалниот старт на кампањата според Изборниот законик ќе следи дури по распишувањето на изборите, партиите веќе се активни на терен, промовирајќи проекти, презентирајќи кандидати и остварувајќи директни средби со граѓаните. Најголемата новина на овие избори е соработката меѓу партиите од владината коалиција: ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ. Посебно важно е тоа што ВМРО-ДПМНЕ, за првпат, нема да кандидира свои кандидати во општините со мнозинско албанско население, туку ќе ги поддржи коалиционите партнери. Лидерот Мицкоски…

Read More

„Размислувавме за тоа пред три и пол години, кога донесовме одлука во Советот за национална безбедност, јас лично го напишав нејзиниот текст. Ќе продолжиме со нашата принципиелна политика на независна, суверена држава“, рече Вучиќ во Батајница, за време на обиколката на новоформираниот Центар за палијативна нега, во рамките на поранешната болница Ковид, пишуваа српски регионални медиуми. Тој исто така рече дека од 1 јули оваа година „никаде не сме извезле ниту еден куршум, па затоа никој не може да нè обвини за поттикнување воени конфликти“. Тој изјави дека сега „има огромен наплив од нашите фабрики и ќе има тешкотии со…

Read More

Вкупно 51 пожар на отворен простор се регистрирани во  текот на изминатото деноноќие на територијата на државава, од кои осум се активни, седум се под контрола и  36 се изгаснати. Како што утрово објави Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во: село Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини каде што е зафатена нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација; во прилепското село Бешиште, место викано Бешишки Рид, крак кон с. Градешница (општина Новаци) и крак кон границата со Грција (мешана шума); активен пожар има помеѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил, Дрен во општина Прилеп и Галиште,…

Read More

3 Во срцето на Лондон, еден  јули 1981 година, во катедралата „Свети Павле“ процвета во бело и златно, подготвена да ги венча принцот Чарлс и Лејди Дајана Спенсер. Тоа беше приказна за двајца млади луѓе што за момент го освоија целиот свет. Но, во сјајот на историјата, еден детаљ блескаше посветло од сите други – венчаницата на идната принцеза. На неа, илјадници бисери и светки си играа со светлината на свеќите и блицовите на фотоапаратите, создавајќи ефект на ѕвездена прашина заробена во ткаенината. Чипка, нежна и сложена како стара семејна тајна, го красеше деколтето и рабовите на ракавите, потсетувајќи на…

Read More

9 Невиден скандал се случи во Србија, поточно на Златибор, откако на средина на боксерски меч бил нападнат македонскиот судија, Стефан Цубалевски. Сè се случило на Европското кадетско првенство во бокс, за време на финалниот натпревар во категоријата до 75 килограми, помеѓу Јусиф Агакишијев од Азербејџан и Виктор Мајсторовиќ од Србија. Тренерот на Азербејџанецот прво вербално го нападнал судијата, а потоа и физички. Тој почнал да го дави и го удирал Цубалевски на рингот пред младите боксери. Причината за ваквиот испад сè уште е непозната. Поради немилите свцени, боксерот од Азербејџан е дисквалификуван, па Мајсторовиќ го освоил златниот медал.

Read More

Од 8.30 до 12.30 часот денеска без електрична енергија ќе бидат корисниците од ул. „Тодор Чангов“ – крак 49 во општина Аеродром и корисниците од селата Кожле, Летевци, Бадар, Горно Блаце, Катланово и Градманци во општина Петровец. Како што соопшти РЦУК по известување добиено од ЕВН Македонија АД, без струја денеска од 9 до 12 часот ќе останат и дел од корисниците во село Мршевци, објектите на фирмите „Фреш Фарм“, „Солар Ентра“, „Мијак“, „Си Мао“ и „Солант“, како и корисниците од селата Бунарџик и Ајватовци во општина Илинден. Од 10 до 14 часот без електрична енергија ќе бидат и дел…

Read More

31 Во екот на туристичката сезона, хрватската полиција излезе со соопштение во кое ги предупредува родителите на деца да бидат особено внимателни на плажите од педофили кои скриваат камери во пераи, книги, ладилници… Во Хрватска се почесто се известува за личности кои биле фатени на плажите како снимаат деца со цел сексуално искористување. Последниот таков случај бил забележан на островот Истра, каде 51-годишен италијански државјанин бил фатен како снима деца на плажа со мини-камера скриена во очила за сонце. Но, како што пишуваат хрватските медиуми, такви случаи се регистрирани на повеќе плажи долж Јадранското Море, но и на градските базени…

Read More

31 Кристин Кабот, поранешната директорка за човечки ресурси во софтверската компанија „Астрономер“, се појави во јавноста за прв пат по скандалот со концертот на „Колдплеј“, што резултираше со нејзина оставка. Како што пишува „Дејли меил“, 52-годишната Кристин, која е во брак со милијардерот Ендру Кабот, поднесе оставка откако „камерата за бакнување“ ги фати неа и директорот на компанијата Енди Бајрон во интимен момент на концертот на „Колдплеј“ во Бостон на 16 јули. Видеото брзо стана вирално, а нивните животи беа уништени. Компанијата „Астрономер“ сега потврди дека Кристин ја напуштила својата позиција. „Кристин Кабот повеќе не е дел од нас, таа…

Read More

6 Украински беспилотни летала го нападнаа Санкт Петербург во неделата, затворајќи го аеродромот Пулково пет часа, додека рускиот претседател Владимир Путин учествуваше на прославата на Денот на морнарицата во неговиот роден град, и покрај тоа што претходно ја откажа поморската парада поради безбедносни причини. Руското Министерство за одбрана соопшти дека вкупно 291 украински беспилотни летала биле соборени во нападите, што е намалување од рекордните 524 во нападите пред Денот на победата на 7 мај. Гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко, изјави дека повеќе од десетина беспилотни летала биле соборени над регионот и дека една жена е повредена од паѓање делови,…

Read More

17 „Имавме фантастична недела за европскиот спорт, 4.000 атлетичари се натпреваруваа овде во Скопје во 15 спортови. Тие покажаа дека на спортот во Европа добро му оди. 40 од 49 национални олимписки комитети кои се натпреваруваа овде добија медали, што покажа дека спортот се движи во добра насока во цела Европа. Условите во спортските објекти беа одлични. Имавме мали проблеми со времето, бидејќи беше премногу жешко, но тоа е проблем сега поради климатските промени и не можеме да преземеме нешто околу тоа. Но, сè на сè, а и она што е најохрабрувачки за нас е дека атлетичарите се многу среќни.…

Read More

24 Веста дека Србија би можела да издаде до 100.000 работни дозволи за државјани на Гана, предизвика остри реакции во српската јавност и во политичкиот живот, пишува clix.ba Додека власта демантира дека постои каков било формален договор со Гана, опозицијата предупредува дека државата, наместо да ги задржи младите, гледа решение во масовен увоз на работна сила. Марко Ѓуриќ, министерот за надворешни работи на Србија, вели дека тврдењата за договор со Гана се „целосна измислица“ и „уште една манипулација со цел предизвикување тензии во општеството“. Ѓуриќ вели и дека станува збор за „злонамерно толкување“ на изјавата на Самуел Окуџета Аблакве, министер…

Read More

4 Американскиот претседател Доналд Трамп постигна трговски договор со Европската Унија во неделата на состанокот со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Шкотска, објавија агенциите. Според првите објавени информации, договорот вклучува воведување царински давачки во износ од 15 проценти за стоки увезени од ЕУ во САД. Трамп рече дека договорот ќе биде „одличен за автомобилите“ и дека ќе се почувствува силно во областа на земјоделството. Тој додаде и дека „ЕУ ќе купи енергија во вредност од 750 милијарди долари од САД, ќе инвестира уште 600 милијарди долари и ќе „купи американско оружје“. – Мислам дека ова е…

Read More