Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум
НАЈНОВО

Објавен списокот на домаќинства кои ќе добијат субвенција за електрична енергија

Симеонова за „Локално“: Радев ужива голем рејтинг во Бугарија, но водењето на политичка партија е многу потешко отколку управувањето од претседателската институција

Предлог Законот за Судски совет доставен на мислење на Европската комисија

48 американски волонтери се колнат на служба во Македонија

Целосен прекин на сообраќајот на ГП Богородица поради штрајк на грчките земјоделци

Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум
Press OnlinePress Online
Вести

(ИЗБОР) Албански медиуми: Тирана се приклучува на глобалниот бран протести за Газа, Тунберг една од организаторите; Уште три дена рок од уставниот суд за конституирање на Косовското собрание; Кули во центарот на Тирана со цени на квадратен метар како во Милано

Press OnlinePress Onlineјули 23, 2025
Facebook Copy Link WhatsApp

Во Тирана на плоштадот „Скендербеј“, денеска со почеток во 18 часот ќе се одржи протест за крај на израелската окупација на Газа, на протестот ќе учествува и активистката Грета Тунберг, пишуваат албанските медиуми. 

Во Приштина денеска ќе се одржи седница на која пратениците по 51-ви пат ќе се обидат да го конституираат собранието, а рокот што им го даде уставниот суд, истекува за три дена, пишуваа косовските медиуми. 

Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦивилМедиа, од албанските медиуми во регионот.  

АЛБАНИЈА 

Еуроњуз: Албанија се приклучува кон глобалниот бран протести за Газа, Грета Тунберг ќе учествува на протестите во Тирана 

Додека Газа ја достигнува 5-та фаза на неухранетост, активистката Грета Тунберг, заедно со граѓани и организации во Албанија, се мобилизираат за голем протест што ќе се одржи денеска  во 18:00 часот на плоштадот Скендербег, во Тирана.  

Демонстрантите ќе бараат крај на израелската окупација на палестинскиот народ, приклучувајќи се кон глобалниот бран протести, пренесе Еуроњуз. 

НОА -Истрага на RAI3: Кули на албанската мафија во центарот на Тирана, 5.500 евра за квадратен метар како во Милано! 

Градежниот бум во Тирана го привлече вниманието на италијанските медиуми. 

 Во неодамнешна истрага на RAI 3, се наведува дека Тирана доживува невиден градежен бум, при што цените во некои области веќе достигнуваат ниво од 5.500 евра за квадратен метар, исто како и во Милано. 

 Италијанските медиуми пишуваат дека оваа промена се случила во голема мера благодарение на влијанието на Еди Рама, кој беше градоначалник 11 години пред да стане премиер. 

 Истрагата носи докази за добро познати и анонимни инвеститори кои имале корист од овој брз развој, претворајќи ја Тирана во „милански модел“ во однос на темпото и форматот на изградбата. 

Во истрагата, исто така, се спомнуваат познати италијански архитекти, пренесе НОА. 

КОСОВО 

Коха: Само три дена од истекот на рокот утврден Уставниот суд, денес 51-ви обид за конституирање на Собранието на Косово  

Денес, пратениците на Собранието на Косово повторно ќе се соберат по 51-ви пат во обид да го конституираат законодавниот дом, додека остануваат уште неколку дена до крајот на уставниот рок, каде што Уставниот суд на 26 јуни даде 30 дена за да се заврши конститутивната седница преку избор на претседател и потпретседатели на Собранието. 

 Сепак, движењето Ветевендосје продолжува да инсистира на името на Албулена Хаџиу за претседател на Собранието, додека другите партии не го гледаат ова име како обединувачко. 

 Исто така, претседателот на Собранието, Авни Дехари, стави на гласање формирање на Изборна комисија што би овозможила тајно гласање за претседател на Собранието, процес кој исто така не добива поддршка од другите партии. 

 Политичкиот ќорсокак трае веќе неколку месеци, откога граѓаните излегоа на гласање за парламентарните избори на 9 февруари 2025 година. Оттогаш, од тие избори не се формирани нови институции. 

 На 26 јуни, Уставниот суд ја објави својата пресуда во случајот KO124/25, во врска со барањето поднесено од пратеничката Тиме Кадријај и десет други пратеници на Собранието, кои се спротивставија на одлуката за отфрлање на формирањето на Комисијата за тајно гласање и други слични одлуки, донесени за време на конститутивните седници на Собранието одржани во април и мај 2025 година, пренесе Коха.  

РТК – Амбасада на САД: Косово има потенцијал да стане придонесувач во безбедноста 

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Косово вели дека Косово има потенцијал да стане клучен придонесувач кон глобалната безбедност, поттикнат од партнерства со американски компании. 

Амбасадата го нагласи стратешкото значење на развојот на одбранбената индустрија на земјата, пишувајќи дека отпорната и модерна одбранбена индустрија ги зајакнува двете нации, пренесе РТК. 

Зери: Одбраната на поранешните водачи на ОВК бара пристап до доверливата пресуда на Апелациониот суд во случајот Пјетер Шала 

Одбраната на Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селим и Јакуп Красниќи итно побара пристап до доверливата пресуда на Специјалниот апелациски суд против Пјетер Шала, со која казната на Шала е намалена од 18 на 13 години затвор за воени злосторства. 

Одбраната на Тачи и другите, во нивното барање поднесено на 22 јули 2025 година, со кое се обратија до Жалбениот панел кој ја објави пресудата против Шала, наведоа дека постои легитимна истражна цел за ова барање и дека пристапот до бараниот материјал е неопходен за одбраната, бидејќи според нив, тоа би го олеснило судскиот процес во овој случај. 

 Одбраната изјави дека ова барање нема да влијае на заштитните мерки што се во сила и се применуваат во овој случај. Тие дури изјавија дека секое користење на доверливи делови од пресудата ќе биде презентирано на доверлив начин, пренесе Зери.  

КОЛУМНА 

Коха: „Тивката закана“ 

„ЕУ го ажурираше механизмот за суспензија на визите врз основа на она што го научи од праксата. Албанија во 2022 година имаше за цел да воспостави инвестициска шема со „златни пасоши“. Дури по притисок од ЕУ, Рама се повлече. Србија почна да ја приближува својата визна политика дури по притисок од ЕУ. 

 Сега овие работи ќе бидат кодифицирани во рамките на новото европско законодавство. Не сакам да кажам дека заострувањето на механизмот за суспензија на визите е конкретно насочено кон нашиот регион, но е насочено и кон нашиот регион. Значи, иако со новиот механизам за суспензија на визите, ЕУ не им се заканува на лидерите на нашиот регион, самото нејзино присуство е закана што не треба да се игнорира.“, пишува Авторот Демуш Шаша во колумната „Тивката закана“, објавена во косовскиот дневник Коха.  

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Поврзани објави

Објавен списокот на домаќинства кои ќе добијат субвенција за електрична енергија

декември 5, 2025

Предлог Законот за Судски совет доставен на мислење на Европската комисија

декември 5, 2025

48 американски волонтери се колнат на служба во Македонија

декември 5, 2025
НАЈНОВО

Објавен списокот на домаќинства кои ќе добијат субвенција за електрична енергија

Симеонова за „Локално“: Радев ужива голем рејтинг во Бугарија, но водењето на политичка партија е многу потешко отколку управувањето од претседателската институција

Предлог Законот за Судски совет доставен на мислење на Европската комисија

48 американски волонтери се колнат на служба во Македонија

Целосен прекин на сообраќајот на ГП Богородица поради штрајк на грчките земјоделци

© PRESSonline.mk 2018 - 2025
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.