Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Во притворите на американската ИЦЕ годинава починале 18 лица

26 јуни 2026

Мал проблем е што овој од Пампорово сега има каде да се жали, откако оној од Паљури го смени името за Македонија да влезе во НАТО.

26 јуни 2026

Лукаревска: Оптимизацијата на ВМРО носи неизвесност, страв и отпуштања за наставниците

26 јуни 2026

Џон Болтон ќе плати 2,25 милиони долари казна поради задржување доверливи информации

26 јуни 2026

Притворен македонскиот државјанин за убиството на 45-годишната жена на Крит

26 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Џон Болтон ќе плати 2,25 милиони долари казна поради задржување доверливи информации

Press OnlineBy Press Online26 јуни 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Вашингтон – Поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Џон Болтон, денеска ја призна вината за незаконско задржување доверливи информации и се согласи да плати казна од 2,25 милиони долари, како и да одработи 100 часа општествено корисна работа, пренесува телевизиската мрежа Си-Би-Ес.

Болтон, кој беше советник на Трамп за време на неговиот прв мандат во Белата куќа, ја призна вината по една точка од обвинението. Тој минатата година беше обвинет по вкупно 18 точки поврзани со несоодветно ракување со чувствителни владини информации. Според обвинителството, Болтон во период од седум години споделувал податоци во форма на записи „налик на дневник“ со двајца свои роднини, со цел подоцна да ги искористи за книгата што ја пишувал. Иако во октомври минатата година тој се изјасни за невин, денеска на суд беше одобрена нагодбата со обвинителството.

Според условите од договорот за признавање на вината што беше прочитан денеска во судницата, правниот тим на Болтон и Министерството за правда се согласија за затворска казна во траење од најмногу 60 месеци во федерален притвор, како и за парична казна. Страните во постапката соопштија дека е постигнат договор Болтон да биде сослушан од официјални лица за национална безбедност во врска со информациите што незаконски ги задржал. Исто така, тој ќе треба да одработи 100 часа општествено корисна работа за да и помогне на владата во напорите за спречување на незаконското откривање доверливи информации. Изрекувањето на пресудата е закажано за 28 октомври.

Сојузната голема порота покрена обвинение против Болтон во средината на октомври минатата година, при што се соочуваше со осум точки за оддавање информации од националната одбрана и 10 точки за нивно незаконско задржување. Обвинителите тврдеа дека во периодот од април 2018 до август 2025 година, тој споделил повеќе од 1.000 страници за неговите секојдневни активности додека работел во Белата куќа со двајца неидентификувани роднини, а дел од тие страници содржеле строго доверливи информации.

Во обвинението исто така се наведуваше дека Болтон ги чувал документите, списите и белешките поврзани со националната одбрана во својот дом во округот Монтгомери во сојузната држава Мериленд. Министерството за правда во судските документи образложи дека неговите страници „налик на дневник“ всушност биле отчукани транскрипти од рачно пишувани белешки, кои потоа им биле испраќани на неговите роднини преку комерцијална, невладина апликација за размена на пораки. Обвинителите додадоа дека Болтон за испраќање на овие електронски пораки до членовите на семејството користел и лични мејлови на сервисите „АОЛ“ и „Гугл“.

Поврзани содржини

Во притворите на американската ИЦЕ годинава починале 18 лица

26 јуни 2026

Сирена во Дубаи – предупреди на ракетен напад

26 јуни 2026

Црвениот крст упати итен апел за помош по разорните земјотреси во Венецуела

26 јуни 2026
НАЈНОВО

Во притворите на американската ИЦЕ годинава починале 18 лица

26 јуни 2026

Мал проблем е што овој од Пампорово сега има каде да се жали, откако оној од Паљури го смени името за Македонија да влезе во НАТО.

26 јуни 2026

Лукаревска: Оптимизацијата на ВМРО носи неизвесност, страв и отпуштања за наставниците

26 јуни 2026

Џон Болтон ќе плати 2,25 милиони долари казна поради задржување доверливи информации

26 јуни 2026

Притворен македонскиот државјанин за убиството на 45-годишната жена на Крит

26 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.