Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Разиграниот министер повторно го украде шоуто во Будимпешта

11 мај 2026

Виткоф и Кушнер наскоро ќе ги посетат Москва и Киев?

10 мај 2026

СЗО препорача 42 дена карантин за евакуираните од крузерот со хантавирус

10 мај 2026

Затвореник од Идризово фатен со марихуана за време на викенд-отсуство

10 мај 2026

(Фото) ТЕЛМА- Газда чиј камион нелегално фрлаше шут во Лисиче, го прегази на пешачки Јорго Куќа и е осуден во „Синџир“

10 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, мај 11
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Подарена гитара на „Лед зепелин“ проценета на 50.000 фунти пред аукција

Press OnlineBy Press Online25 јули 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Гитара што Џими Пејџ од британскиот рок-бенд „Лед зепелин“ (Led Zeppelin) ја подарил како награда на натпревар пред повеќе од 50 години, може да достигне и 50.000 фунти на аукција.

Наддавањето ќе се спроведе во аукциската куќа „Гардинер хаулгејт“ (Gardiner Houlgate) во Коршам, Англија, на 9 септември годинава. Електричната гитара „Греч чет Аткинс 6120“ е наградата на натпреварот што го организираше списанието „Њу мјузикл експрес“ (New Musical Express) во 1972. На насловницата тогаш се најде токму Пејџ во бела облека за крикет, држејќи ја гитарата како палка. Во интервјуто за списанието, тој рече дека го купил музичкиот инструмент во Нешвил, САД, во 1957 година, за 200 фунти.

Се очекува гитарата да достигне цена меѓу 30.000 и 50.000 фунти (околу 34.660 – 57.770 евра).

На натпреварот во ’72. победник бил Чарлс Рид од северен Лондон. Добитникот тогаш за медиумите изјавил: „Пејџ сигурно е ’ментално болен’ штом подарува толку одлична гитара како оваа Ова е вид инструмент за којшто секој гитарист сонува да го поседува, но никогаш не може да си го дозволи.“

– Не е претерување да се каже дека Џими Пејџ е легендарен гитарист и рок-ѕвезда. Многу малку од неговите гитари излегуваат на аукција, а кога ќе се појават, привлекуваат огромен интерес од колекционери, вложувачи и обожаватели на „Лед зепелин“, изјави аукционерот Лук Хобс. – Она што е толку прекрасно кај оваа гитара е тоа што ги имаме копии од „Њу мјузикл експрес“ на коишто се гледаат мигови од натпреварот, па дури и фотографија од Пејџ како му ја дава гитарата на победникот, Чарлс Рид, додаде тој.

Рид ја чувал гитарата до 1990 година, кога му ја продал на Фил О’Донохју за 2.000 фунти. О’Донохју – гитарист на рок-групата „Вајлд ејнџелс“, го чувал инструментот до својата смрт оваа година. Гитарата сега ја продава семејството на О’Донохју.

Пејџ е основач на британскиот рок-состав „Лед зепелин“, основан 1968 година. Поради нивната популарност, списанието „Ролинг стоун“ (Rolling Stone) ги нарече „најголемиот бенд од 70-тите“. Групата се распаднаво 1980., по смртта на тапанарот Џон Бонам.

Поврзани содржини

Затвореник од Идризово фатен со марихуана за време на викенд-отсуство

10 мај 2026

(Фото) ТЕЛМА- Газда чиј камион нелегално фрлаше шут во Лисиче, го прегази на пешачки Јорго Куќа и е осуден во „Синџир“

10 мај 2026

Скандал со додатоците во градинките: Стеваноски го обвини Јаким Неделков за дискриминација на вработените

10 мај 2026
НАЈНОВО

Разиграниот министер повторно го украде шоуто во Будимпешта

11 мај 2026

Виткоф и Кушнер наскоро ќе ги посетат Москва и Киев?

10 мај 2026

СЗО препорача 42 дена карантин за евакуираните од крузерот со хантавирус

10 мај 2026

Затвореник од Идризово фатен со марихуана за време на викенд-отсуство

10 мај 2026

(Фото) ТЕЛМА- Газда чиј камион нелегално фрлаше шут во Лисиче, го прегази на пешачки Јорго Куќа и е осуден во „Синџир“

10 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.