Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Џон Болтон ќе плати 2,25 милиони долари казна поради задржување доверливи информации

26 јуни 2026

Притворен македонскиот државјанин за убиството на 45-годишната жена на Крит

26 јуни 2026

Притворен македонскиот државјанин за убиството на 45-годишната жена на Крит

26 јуни 2026

Мицкоски потврди: Преговарачката рамка не може да се промени

26 јуни 2026

Сирена во Дубаи – предупреди на ракетен напад

26 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Хоророт „Заедно“ се соочува со тужба за авторски права

Press OnlineBy Press Online25 јули 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Филмот „Заедно“ (Together) се соочува со обвинение за авторски права. Имено, продуцентите на „Подобрата половина“ (Better Half) тврдат дека премисата на новото остварување е украдена од нивната љубовна комедија.

Сопружниците од вистинскиот живот, Дејв Франко и Алисон Бри се брачна двојка и во новиот хорор-филм „Заедно“, каде што нивниот одмор добива пресврт кога натприродна сила ги спојува нивните тела. Токму тоа е делот за којшто другата продукциска компанија тврди дека е украден од нивниот филм – „Подобрата половина“ од 2022 година.

Имено, продуцентите Џес Џеклин и Чарлс Бил ги тужат креаторите на „Заедно“, кои наводно го украле концептот на „Подобра половина“, во којшто двојката „се буди и ги наоѓа своите тела физички споени како метафора за меѓузависноста“, според написот во „Ентертејнмент викли“. Уште повеќе, тимот на „Подобра половина“, исто така, тврди дека на агентите на Франко и Бри им била испратена копија од сценариото за учество во „Подобра половина“ во 2020 година, но не добиле одговор.

Тимот на хоророт ги отфрли обвинувањата.

Се чини дека „Подобра половина“ не добива поширока дистрибуција по своето прикажување на фестивал во 2022., па денес и тешко може да се најде трејлер за тој филм на интернет. „Заедно“ ќе се прикажува во киносалите ширум светот од 30 јули.

Поврзани содржини

Притворен македонскиот државјанин за убиството на 45-годишната жена на Крит

26 јуни 2026

Мицкоски потврди: Преговарачката рамка не може да се промени

26 јуни 2026

СДСМ: Мицкоски конечно призна дека нема промена на преговарачката рамка – намерно ја блокира земјата

26 јуни 2026
НАЈНОВО

Џон Болтон ќе плати 2,25 милиони долари казна поради задржување доверливи информации

26 јуни 2026

Притворен македонскиот државјанин за убиството на 45-годишната жена на Крит

26 јуни 2026

Притворен македонскиот државјанин за убиството на 45-годишната жена на Крит

26 јуни 2026

Мицкоски потврди: Преговарачката рамка не може да се промени

26 јуни 2026

Сирена во Дубаи – предупреди на ракетен напад

26 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.