Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум
НАЈНОВО

Би-би-си повторно направи скандал: Мораа да ѝ се извинат на принцезата Кејт Мидлтон

Грчките железници ќе започнат национален 24-часовен штрајк

Кошта: Проширувањето на ЕУ е најдобрата инвестиција за иднината на Европа

Словенија: Нов закон го третира ромското малцинство како „безбедносна закана“

Кембриџ го објави зборот на 2025 година: Инспириран е од врската на Тејлор Свифт и Тревис Келси

Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум
Press OnlinePress Online
Вести

Експресно ставен под контрола пожарот во близина на универзитетскиот кампус во Атина со интервенција на 19 воздушни средства

Press OnlinePress Onlineјули 28, 2025
Facebook Copy Link WhatsApp

Со 19 воздушни средства и копнени сили, грчките пожарникари експресно го ставија под контрола големиот пожар што избувна во близина на универзитетскиот кампус во атинската населба Зографу на мала оддалеченост од центарот на градот, а од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до оние кои се во областа да бидат во состојба на готовност, јави дописничката на МИА од Атина.

Пожарот гореше ниска вегетација и интервенираа 110 пожарникари со пет пешадиски тима 30 возила, волонтери и цистерни од општината, како и 11 авиони и осум хеликоптери од кои еден за координација, со што беше изгасен и не беше потребна евакуација на граѓаните.

Во Грција и понатаму се активни пожарите во Кожани и на островот Китира, каде што денеска имаше нови разгорувања.

На Китира беа испратени две пораки од бројот 112 за евакуација на сите оние кои се наоѓаат во близина на две населени места.

Пожарот на Китира е активен од саботата, а според податоците од Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, заклучно со вчера напладне изгореле 2.680 хектари.

Во пожарите во саботата во близина на Атина и на островот Евија изгореле 1.280 хектари.

Поврзани објави

Не сум задоволен од работата на обвинителот, и логично е да биде сменет

ноември 18, 2025

Во Визбегово затворено нелегално градилиште, следува отстранување на дивоградбата

ноември 18, 2025

УХМР најавува поројни врнежи – нестабилното време продолжува

ноември 18, 2025
НАЈНОВО

Би-би-си повторно направи скандал: Мораа да ѝ се извинат на принцезата Кејт Мидлтон

Грчките железници ќе започнат национален 24-часовен штрајк

Кошта: Проширувањето на ЕУ е најдобрата инвестиција за иднината на Европа

Словенија: Нов закон го третира ромското малцинство како „безбедносна закана“

Кембриџ го објави зборот на 2025 година: Инспириран е од врската на Тејлор Свифт и Тревис Келси

© PRESSonline.mk 2018 - 2025
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.