Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Нов земјотрес во Венецуела – Независен Весник

28 јуни 2026

Јута прогласи вонредна состојба поради шумските пожари и воведе ограничувања за огномети

28 јуни 2026

Се скарале околу децата, па ја начекала пред домот и ја нападнала со нож

27 јуни 2026

Бројот на загинати во земјотресите во Венецуела се зголеми на 1.430

27 јуни 2026

Левица: Ристовски се откажува од управување со јавните капацитети – и базенот во Сарај под концесија

27 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

(ВИДЕО) Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Градско, кај Плетвар

Press OnlineBy Press Online26 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Едно лице почина во тешка сообраќајна несреќа што денеска попладне се случи на патот Прилеп – Градско, кај превојот Плетвар, кога товарно возило излетало од патот, потврдија за „360 степени“ од Секторот за внатрешни работи Битола.



Колона возила чекаат на патот Прилеп – Градско поради сообраќајна

Според информациите оттаму, сообраќајната несреќа во полиција била пријавена во 17:44 часот, по што сообраќајот бил целосно прекинат.

Во првичната информација од СВР Битола не се прецизира дали починатото лице во несреќата е возачот на товарното возило.

Увидот, кој треба да даде насоки на истрагата околу причините и околностите за сообраќајката, е во тек.

„Денеска (26.06.2026) во 17.44 час во СВР Битола било пријавено дека на патниот правец Прилеп -Градско, превој Плетвар во близина на село Ореовец товарно моторно возило излетало од патот при што едно лице починало. Увидот е во тек“,се вели во информацијата од СВР Битола.

Оттаму додаваат дека по целосниот прекин на сообраќајот, од 19:30 часот тој се одвива по една коловозна лента, наизменично.

На социјалните мрежи, граѓани кои се затекнале на патот, како и локални медиуми објавија фотографии и видеа од колони возила како чекаат на патниот правец во долга колони.

Според некои од објавите, во сообраќајната несреќа загинал возачот на товарното возило, а смртта ја потврдиле од Итната медицинска помош.

На една од снимките се гледа превртениот и тешко оштетен камион, чија приколка била натоварена со песок, а кој по несреќата се истурил на коловозот.

 

Претходно, од Јавното претпријатие „Македонија пат“, информираа дека сообраќајот на патниот правец Прилеп–Градско, кај селото Ореовец, од 17:55 часот е во целосен прекин за сите видови возила, поради превртено товарно моторно возило и истурен песок на коловозот, што го оневозможува одвивањето на сообраќајот.

Неофицијално, дел од медиумите, објавија дека камионот е со битолски регистарски ознаки.



Поврзани содржини

Се скарале околу децата, па ја начекала пред домот и ја нападнала со нож

27 јуни 2026

Левица: Ристовски се откажува од управување со јавните капацитети – и базенот во Сарај под концесија

27 јуни 2026

Марш за ангелите во Кочани: Ќе се бориме до последен момент за вистината за „Пулс“!

27 јуни 2026
НАЈНОВО

Нов земјотрес во Венецуела – Независен Весник

28 јуни 2026

Јута прогласи вонредна состојба поради шумските пожари и воведе ограничувања за огномети

28 јуни 2026

Се скарале околу децата, па ја начекала пред домот и ја нападнала со нож

27 јуни 2026

Бројот на загинати во земјотресите во Венецуела се зголеми на 1.430

27 јуни 2026

Левица: Ристовски се откажува од управување со јавните капацитети – и базенот во Сарај под концесија

27 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.