Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Се скарале околу децата, па ја начекала пред домот и ја нападнала со нож

27 јуни 2026

Бројот на загинати во земјотресите во Венецуела се зголеми на 1.430

27 јуни 2026

Левица: Ристовски се откажува од управување со јавните капацитети – и базенот во Сарај под концесија

27 јуни 2026

Марш за ангелите во Кочани: Ќе се бориме до последен момент за вистината за „Пулс“!

27 јуни 2026

ОН: Речиси седум милиони луѓе можно е да се погодени од земјотресите во Венецуела

27 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Левица: Ристовски се откажува од управување со јавните капацитети – и базенот во Сарај под концесија

Press OnlineBy Press Online27 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Соопштение на Левица:

Наместо да се раскинуваат веќе склучените договори за концесии на јавните спортски објекти и државата да почне да стопанисува со нив, деновиве уште еден базен, оној во Сарај, стана приватен бизнис. Надоместот за државата е само 800 евра месечно и тоа цели 25 години.
Министерството за спорт беше формирано токму за да придонесе за развој на спортот и истиот да го направи достапен за сите граѓани, меѓутоа истото министерство се оградува од одговорност врз многу спортски објекти, како што е ситуацијата и со овој базен. Една од главните функции на министерството е да располага со спортска инфраструктура во сопственост на државата, а не да ги приватизира и веќе постоечките објекти.
Министерот за спорт, Борко Ристовски најавуваше раскинување на договорот со приватниот концесионер на Олимпискиот базен во Центар, Скопје со цел #пливачите и #рекреативците да имаат што е можно подостапни цени. Наместо раскинување на договорот со еден приватен концесионер, Скопје добива уште една приватна концесија за јавен објект.
Осумстотини евра месечно за олимписки базен и огромен простор претставуваат сума која многумина ја сметаат за исклучително ниска. Ако концесионерот наплаќа 300 денари билет за возрасни и 150 денари за деца, со само неколку стотици посетители дневно, месечниот приход може повеќекратно да ја надмине концесиската цена. Тоа значи дека јавниот ресурс потенцијално создава значителен приватен профит, додека јавниот интерес останува во втор план. Токму во моменти кога пливачката инфраструктура во Македонија пропаѓа, министерството за спорт не покажува никаков интерес за решавање на овој проблем, туку дополнително го влошува.

Јавните спортски капацитети постојат за да обезбедат спорт, рекреација и здрав живот, а не да генерираат приватен профит. Кога државен или општински имот се отстапува на четвртина век, транспарентноста мора да биде максимална, а јавноста треба да има увид во целокупниот договор.

До сега граѓаните не добиле назад ниту еден јавен спортски центар туку само гледаат како еден по еден објект преминува во долгорочна приватна експлоатација под услови чија економска оправданост допрва треба да се докаже.
#Левица повеќепати апелира дека руинираните објекти треба да се вратат во функција како и да бидат достапни за сите граѓани.




Поврзани содржини

Се скарале околу децата, па ја начекала пред домот и ја нападнала со нож

27 јуни 2026

Марш за ангелите во Кочани: Ќе се бориме до последен момент за вистината за „Пулс“!

27 јуни 2026

Министерот за правда има познавање за ресорот колку што има магаре од музика, пишува адвокатот Димоски

27 јуни 2026
НАЈНОВО

Се скарале околу децата, па ја начекала пред домот и ја нападнала со нож

27 јуни 2026

Бројот на загинати во земјотресите во Венецуела се зголеми на 1.430

27 јуни 2026

Левица: Ристовски се откажува од управување со јавните капацитети – и базенот во Сарај под концесија

27 јуни 2026

Марш за ангелите во Кочани: Ќе се бориме до последен момент за вистината за „Пулс“!

27 јуни 2026

ОН: Речиси седум милиони луѓе можно е да се погодени од земјотресите во Венецуела

27 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.