Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Одложено судското рочиште за „Онкологија“, следното на 1 јуни

11 мај 2026

Поранешниот премиер Едуар Филип ќе ги обединува Французите против Бардела

11 мај 2026

20.000 евра за камионџијата кој незаконски одлагал отпад на градежен шут

11 мај 2026

Грција презеде иницијатива проширувањето на ЕУ со Западен Балкан да стане реалност

11 мај 2026

Општина Центар со повик за поправка на кровови и лифтови

11 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, мај 11
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Трајчулески до Мицкоски: Ние од СДСМ сме наследници на антифашизмот, а вие на хибридната идеологија на Ванчо Михајлов.

Press OnlineBy Press Online31 јули 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната собраниска седница му се обрати на премиерот Христијан Мицкоски осудувајќи ја реториката на ВМРО-ДПМНЕ за предавници и обвинувањата упатени кон опозицијата посочувајќи дека СДСМ се наследници на антифашизмот а ВМРО-ДПМНЕ на хибридната идеологија на Ванчо Мијалов и Тодор Александров.

Кога зборуваме за историја и кога зборуваме за историски факти, кога зборуваме за предавници и патриоти –на погрешна адреса се обраќате. Јас сум Митко Трајчулески од Крушево, од градот симбол на македонската борба, непокор. На гробовите на моите предци има петокрака. Имаме чиста и јасна идеологија и ние сите, како социјалдемократи, сме наследници на асномските идеали и вредности на антифашизмот – за разлика од хибридната идеологија на ВМРО-ДПМНЕ, која час се претставува како наследник на Ванчо Михајлов и Тодор Александров, а час на Гоце Делчев. И тоа е каменот кој ќе стои на вратот на ВМРО-ДПМНЕ за век и веков. А да се уверуваат граѓаните, или мене да ме обвинуваат за предавство – мислам, тоа е навистина нереално. Одете во Крушево и кажете му на вашиот општински комитет: ‘Овие се предавници’ или ‘Овие се Бугари’. Верувајте, ќе ви се смеат. Ние знаеме од каде доаѓаме и знаеме каква идеолошка подлога носиме, рече Трајчулески.

Поврзани содржини

Одложено судското рочиште за „Онкологија“, следното на 1 јуни

11 мај 2026

20.000 евра за камионџијата кој незаконски одлагал отпад на градежен шут

11 мај 2026

Општина Центар со повик за поправка на кровови и лифтови

11 мај 2026
НАЈНОВО

Одложено судското рочиште за „Онкологија“, следното на 1 јуни

11 мај 2026

Поранешниот премиер Едуар Филип ќе ги обединува Французите против Бардела

11 мај 2026

20.000 евра за камионџијата кој незаконски одлагал отпад на градежен шут

11 мај 2026

Грција презеде иницијатива проширувањето на ЕУ со Западен Балкан да стане реалност

11 мај 2026

Општина Центар со повик за поправка на кровови и лифтови

11 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.