Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Филипче и СДСМ да се разбудат од сонот и да почнат да бидат опозиција во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

19 април 2026

Николоски: Скопскиот и Охридскиот аеродром лидери во регионот

19 април 2026

Уште едно игралиште во Скопје – фотосесија на власта

19 април 2026

Земјотрес ја потресе Македонија! – Либертас

18 април 2026

ССМ: Каде се загуби работничката класа?

18 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, април 19
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Нови обврски и казни: Законот за вештачка интелигенција на ЕУ влегува во нова фаза

Press OnlineBy Press Online2 август 2025 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

8

Kлучните одредби од Законот за вештачката интелигенција (AI Act), првата сеопфатна законска рамка за регулирање на вештачката интелигенција на ниво на ЕУ, стапуваат на сила утре на територијата на Унијата.

По една година постепено воведување, оваа фаза носи значителни промени во надзорот, санкциите и примената на правилата за системите за општа намена, како што се ChatGPT, Gemini на Гугл или Grok na Х.

Сите земји-членки се должни на Европската комисија да ѝ пријават кои национални тела ќе го следат спроведувањето на законот за вештачката интелигенција и ќе го контролираат надзорот на пазарот. Со тоа производителите и давателите на ВИ системи формално влегуваат под регулаторна „лупа“.

Сепак, според наводите на Еуроњус уште во мај беше неизвесно кои институции ќе бидат именувани во половина од земјите-членки. Тогаш Комисијата не сакаше да коментира кој е подготвен, но дека се очекуваат одложувања во земјите кои неодамна имаа избори.

 

Потребни се и капацитети

„Од суштинско значење е надлежните тела да бидат назначени што е можно поскоро, но и да бидат професионално обучени и соодветно финансирани, за да може да следат широк спектар ризици, вклучително и заканите за основните права”, предупредува.  Лаура Лазаро Кабрера од Центарот за демократија и технологија.

Артур Богуцки од Центарот европски политички студии (CEPS) вели дека одложувањата не се изненадувачки: „Земјите мора да формираат тела за надзор, да дефинираат казни и да ангажираат експерти од областа на вештачката интелигенција, кибербезбедноста и заштитата на податоците. Сето ова во време кога владее недостиг на технолошки таленти“’

Дополнителен предизвик, посочува тој, ќе биде координацијата на различните тела на ниво на ЕУ и земјите-членки, особено во контекст на преклопување со ГДПР, Законот за дигитални услуги и Законот за дигиталните пазари.

 

Казни до 35 милиони евра или 7% од глобалниот приход

Истиот ден, 2 август започнува примената на одредбите што овозможуваат изрекување финансиски казни за прекршување на законот за ВИ. Казните можат да бидат до 35 милиони евра или 7% отсто од вкупниот годишен глобален приход на сторителот, во зависност од тоа кој износ е поголем. За малите и средните претпријатија се предвидени полесни казни.

Како што предупредува Кабрера, постои значителна разноликост во тоа како земјите-членки ќе ги спроведат овие одредби и ја одредуваат висината на казните, особено кога јавните тела се прекршители.

 

„Форум шопинг (практиката на поднесување тужба во јурисдикцијата која најповолно ќе го третира тужбеното барање) во овој случај сепак има свои ограничувања, бидејќи националните надзорни тела имаат надлежност над кој било производ што влегува на пазарот на Унијата. Казните се само едно од средствата што им стојат на располагање”, додава таа.

Богуцки нагласува дека структурата на управување ќе мора да се носи и со различни политички пристапи во земјите-членки, на пример, во врска со забранети практики како што е биометриската идентификација.„Без силни механизми за координација на ниво на ЕУ, би можеле да видиме слична фрагментација како во спроведувањето на ГДПР”, предупредува Богуцки.

 

Правила за системи за општа намена (GPAI)

Од август се применуваат и новите правила за системите за општа намена (GPAI), вклучувајќи ги големите јазични модели. Во јули, Европската Комисија објави доброволен кодекс на практика за GPAI, кој има за цел да ги охрабри давателите да постигнат усогласеност со законот за ВИ.

Кодексот опфаќа прашања за транспарентност, авторски права и безбедност, а потписниците ќе бидат под помала регулаторна контрола. Потпишувањето не значи исклучоци од законските обврски. Американскиот технолошки гигант Мета одби да го потпише кодексот, тврдејќи дека ги ограничува иновациите. Спротивно на тоа, ОпенАИ и Гугл објавија дека ќе се приклучат на иницијативата.

Комисијата порача дека оние што нема да потпишат, можат да очекуваат дополнителен надзор. Покрај тоа, сите ВИ производи по 2 август мора да бидат усогласени со правилата, додека производите што се веќе пазарот имаат двегодишен транзициски период.

Законот за вештачката интелигенција продолжува да се воведува постепено, низ фази. Конечната примена е предвидена за 2 август 2027 година. Дотогаш, давателите и корисниците на ВИ технологии во ЕУ ќе мора да „научат да пливаат“ во сѐ посложената регулаторна средина која, барем во теорија, ќе ги заштити правата на граѓаните – без да ги задуши иновациите.

Поврзани содржини

Цените на нафтата во нагол пад: Иран го отвори Ормускиот Теснец за време на примирјето

18 април 2026

Десет години по Брегзит: Повеќе од половина Британци сакаат враќање во ЕУ

18 април 2026

Трамп потврди: Ормускиот Теснец е целосно отворен за пловидба

17 април 2026
НАЈНОВО

Филипче и СДСМ да се разбудат од сонот и да почнат да бидат опозиција во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

19 април 2026

Николоски: Скопскиот и Охридскиот аеродром лидери во регионот

19 април 2026

Уште едно игралиште во Скопје – фотосесија на власта

19 април 2026

Земјотрес ја потресе Македонија! – Либертас

18 април 2026

ССМ: Каде се загуби работничката класа?

18 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.