Американскиот претседател Доналд Трамп преку официјална објава на социјалните мрежи соопшти дека Иран упатил известување за целосно отворање на стратешкиот поморски премин. Според објавата, преминот е веќе подготвен за непречен транзит на сите бродови.
„Иран штотуку објави дека Теснецот е целосно отворен и подготвен за целосен премин. Ви благодарам!“, стои во пораката на претседателот Трамп, која беше споделена и од официјалната страница на Белата куќа.
Оваа вест доаѓа во клучен момент за глобалната економија и енергетска безбедност, со оглед на тоа што блокодата на овој теснец предизвика сериозни нарушувања во меѓународната трговија и транспорт на нафта.


