Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Меѓународна конференција „Траумата во литературата“ на Институтот за македонска литература

11 мај 2026

ЕУ ќе подели 200 милиони од Планот за раст на Македонија, Црна Гора и Албанија, Србија ќе извиси

11 мај 2026

Двосмисленоста на ЕУ во врска со Турција е лоша геополитика

11 мај 2026

Филипче: Пропагандата на ВМРО ја обвинува ЕУ за сопствениот дебакл со реформите

11 мај 2026

Црна Гора е прва во Европа по потрошувачка на антибиотици, предупредуваат експерти

11 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, мај 11
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Дончиќ потпиша нов договор со Лејкерси, со итар план ќе заработи неверојатна сума

Press OnlineBy Press Online3 август 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

13

Лука Дончиќ и „Лос Анџелес Лејкерс“ договорија ново поглавје во плодотворната соработка. Словенечкиот кошаркар потпиша тригодишно продолжување на договорот, вредно околу 165 милиони долари, потврдија повеќе извори во НБА.

Иако се шпекулираше за негова потенцијална отвореност за враќање на источниот брег на САД или дури и во Далас, Дончиќ сепак реши да остане во Градот на ангелите, каде стигна минатата сезона преку замена со „Маверикс“.

Договорот што го потпиша Дончиќ е многу интересен – наместо максималното петгодишно продолжување кое евентуално би можел да го потпише да останеше во Далас, односно т.н. „супермакс“ договор вреден 335 милиони долари, Дончиќ го избра тригодишниот „ветеран макс“ со опција за заминување во 2028 година.

Според доброупатени извори во НБА, тоа не е направено случајно. Имено, Дончиќ во 2028 година ќе има 10 години искуство во НБА, што го квалификува за „супермакс“ до 35% „салари кеп“, односно потенцијален петгодишен договор што би надминал 417 милиони долари.

Во дресот на „Лејкерс“ Дончиќ на 28 меча досега, постигна 28,2 поени, 8,1 скок, 7,5 асистенции и 1,6 украдена топка.

Поврзани содржини

Меѓународна конференција „Траумата во литературата“ на Институтот за македонска литература

11 мај 2026

Филипче: Пропагандата на ВМРО ја обвинува ЕУ за сопствениот дебакл со реформите

11 мај 2026

Тешко повредена е 17 годишна девојка – падна во отвор за лифт во зграда во изградба

11 мај 2026
НАЈНОВО

Меѓународна конференција „Траумата во литературата“ на Институтот за македонска литература

11 мај 2026

ЕУ ќе подели 200 милиони од Планот за раст на Македонија, Црна Гора и Албанија, Србија ќе извиси

11 мај 2026

Двосмисленоста на ЕУ во врска со Турција е лоша геополитика

11 мај 2026

Филипче: Пропагандата на ВМРО ја обвинува ЕУ за сопствениот дебакл со реформите

11 мај 2026

Црна Гора е прва во Европа по потрошувачка на антибиотици, предупредуваат експерти

11 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.