Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Секој петти негувател во Германија е странец: Најмногу Сиријци

12 мај 2026

Касами: Настапот на Курти не е патернализам, а Рама треба да се грижи за сите – не само за Ахмети и ДУИ

12 мај 2026

Филипче до Муцунски: Имало или немало средба, пораката на бугарската министерка е јасна

11 мај 2026

Ќе поскапат ли лековите поради новите правила на ЕУ?

11 мај 2026

Тренчевска: Нема реформи и нема Европа со криминална власт

11 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, мај 12
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Народната банка нема информации за новите владини мерки за цените во маркетите, но го поздравува секој потег одржлив на среден и подолг рок

Press OnlineBy Press Online7 август 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Гувернерот Трајко Славески нема информација за евентуалните нови владини мерки за стабилизирање на цените во маркетите, но смета дека секој потег што е одржлив на среден и подолг рок од страна на носителите на фискалната политика, е добредојден и и помага на Народната банка во одржувањето стабилност на цените, односно ниска и стабилна инфлација.

Како што рече денеска, одговорајќи на новинарски прашања, Централната банка останува со сегашната поставеност на монетарната политика од аспект на основната каматна стапка, но прави анализи и има инструменти како задолжителната резерва или т.н. макропрудентни мерки со кои може благо да делува во една или друга насока, зависно од притисоците во движењето на стапката на инфлација.

Според Славески, од февруари не е зголемена основната каматна стапка на благајничките записи и таа моментно изнесува 5,35 проценти.

-Ние скоро имавме одлука од Извршниот одбор за претпазливост. Од февруари не е зголемена основната каматна стапка на благајничките записи и во моментов изнесува 5,35 проценти. Ги следиме потезите на Европската централна банка зашто нашиот девизен курс е врзан за еврото и таа ги намали во неколку наврати, но и таму има забележителни притисоци за инфлацијата иако е пониска. Ние остануваме со оваа поставеност на монетарната политика од аспект на основната каматна стапка, но правиме анализи, имаме и други инструменти како задолжителната резерва и т.н. макропрудентни мерки со кои може благо да се делува во една или друга насока, зависно од притисоците во движењето на стапката на инфлација. Како што забележавме од податоците во јуни, единствено се сега концентрирани на домашните фактори, домашната побарувачка која пртиска на растот на цените и на цените на храната. За мерките за цените немаме инфомрација, најверојатно Владата и министерствата за финансии и економија ги прават проценките, но секој потег што е одржлив на среден и подолг рок од страна на носителите на фискалната политика, е добредојден и и помага на Народната банка во одржувањето стабилност на цените, односно ниска и стабилна инфлација, подвлече гувернерот.

Премиерот Христијан Мицкоски пред три дена најави дека ќе има мерки за училишна кошничка, а се анализираат и модели за цените во маркетите.

Поврзани содржини

Касами: Настапот на Курти не е патернализам, а Рама треба да се грижи за сите – не само за Ахмети и ДУИ

12 мај 2026

Филипче до Муцунски: Имало или немало средба, пораката на бугарската министерка е јасна

11 мај 2026

Тренчевска: Нема реформи и нема Европа со криминална власт

11 мај 2026
НАЈНОВО

Секој петти негувател во Германија е странец: Најмногу Сиријци

12 мај 2026

Касами: Настапот на Курти не е патернализам, а Рама треба да се грижи за сите – не само за Ахмети и ДУИ

12 мај 2026

Филипче до Муцунски: Имало или немало средба, пораката на бугарската министерка е јасна

11 мај 2026

Ќе поскапат ли лековите поради новите правила на ЕУ?

11 мај 2026

Тренчевска: Нема реформи и нема Европа со криминална власт

11 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.