Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Филипче до Муцунски: Имало или немало средба, пораката на бугарската министерка е јасна

11 мај 2026

Ќе поскапат ли лековите поради новите правила на ЕУ?

11 мај 2026

Тренчевска: Нема реформи и нема Европа со криминална власт

11 мај 2026

Биљали за Локално : Не гледам понуда од ВЛЕН за подобар живот, туку гнев и инает да се победи ривалот

11 мај 2026

Трамп ја суспендира федералната такса на бензин за да им помогне на Американците со цените на горивата

11 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, мај 12
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Израелската опозиција ја нарече „катастрофа“ одлуката на кабинетот за Газа

Press OnlineBy Press Online8 август 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Израелскиот опозициски лидер Јаир Лапид ја нарече одлуката на безбедносниот кабинет за заземање на градот Газа „катастрофа“ што „ќе доведе до уште многу катастрофи“.

Тој денеска напиша на „Х“ дека планираното преземање на најголемиот град во Појасот Газа ќе доведе до смрт на заложници, како и до убивање на многу израелски војници.

-Премиерот Бенјамин Нетанјаху беше присилен на одлуката од неговите крајно десничарски коалициски партнери Итамар Бен-Гвир и Безалел Смотрих, и покрај противењата на военото раководство, рече Лапид.

Двајцата крајно десничарски министри се поддржувачи на идејата за целосно заземање на Појасот Газа и протерување на приближно 2 милиони Палестинци што живеат таму.

Рано утрово, израелскиот безбедносен кабинет одобри план за заземање на градот Газа.

Пред почетокот на состанокот, Нетанјаху изјави за американската телевизиска мрежа Фокс њуз дека Израел сака да ја преземе контролата врз целиот Појас Газа, но не и трајно да го окупира. „Палестинската територија мора да биде ослободена од исламистичката организација Хамас, за на крајот да биде предадена на други сили“, додаде Нетанјаху.

Поврзани содржини

Филипче до Муцунски: Имало или немало средба, пораката на бугарската министерка е јасна

11 мај 2026

Тренчевска: Нема реформи и нема Европа со криминална власт

11 мај 2026

Биљали за Локално : Не гледам понуда од ВЛЕН за подобар живот, туку гнев и инает да се победи ривалот

11 мај 2026
НАЈНОВО

Филипче до Муцунски: Имало или немало средба, пораката на бугарската министерка е јасна

11 мај 2026

Ќе поскапат ли лековите поради новите правила на ЕУ?

11 мај 2026

Тренчевска: Нема реформи и нема Европа со криминална власт

11 мај 2026

Биљали за Локално : Не гледам понуда од ВЛЕН за подобар живот, туку гнев и инает да се победи ривалот

11 мај 2026

Трамп ја суспендира федералната такса на бензин за да им помогне на Американците со цените на горивата

11 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.