Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Утре температурите ќе паднат до -3 степени

30 април 2026

ЕУ подготвува „пакет за забрзана постепена интеграција“ на Украина

30 април 2026

ЗНАМ: Подолг период беше јасно дека Цеков се оддалечува од принципите на ЗНАМ

30 април 2026

Филипче по одлуката на Цеков: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа

30 април 2026

„Кошмарни“ редици и пропуштени летови: Турбулентен почеток на системот за влез и излез на ЕУ

30 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, април 30
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

По којзнае кој пат, одбиена регистрацијата на ОМО „Илинден“ во Бугарија

Press OnlineBy Press Online9 август 2025 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

100

Окружниот суд во Благоевград ја потврди одлуката на Агенцијата за регистри да ја регистрира ОМО „Илинден“, известија бугарски медиуми.

Судската пресуда е од 30 јули.

ОМО „Илинден“ на 14 јули поднела барање за регистрација во Агенцијата за регистри (исто тело како Централниот регистер на РСМ, само во Бугарија) за впишување како здружение со нестопанска дејност.

Станува збор за организација на Македонци по самосвест, што Бугарија 34 години не ја прифаќа. Организацијата мина низ неколку фази и имиња и статути и членови, но во суштина нејзината политичка амбиција досега се погазува од бугарските власти.

Два дена подоцна, одговорниот регистратор донел одлука за отфрлање, со појаснување дека има неодреденост и нејаснотии во описот на дејноста на здружението. Регистраторот „утврдил“ и неправилност во тоа што претседателот и записничарот на основачкото собрание се потпишале на одделен лист, а не под самиот текст на одлуката за основање.

Истото го утврдиле и за статутот. Како неправилност е констатирано и тоа дека како орган на здружението/организацијата е прифатен претседателот на Извршниот одбор, а според бугарскиот закон тоа е Генералното собрание.

Кирил Тилев поднел жалба во судот дека одбивањето е од политички причини, а не поради процедурални пропусти.

Но Окружниот суд на Благоевград имал спротивно мислење – дека Агенцијата за регистри е во право и нејзината одлука треба да се потврди.

Во барањето за впишување има записник од основачко собрание на 27 април 2025, потпишан од 7 основачи, но не е одбележан часот и местото на состанокот.

Како што велат бугарските медиуми, тоа е доволно за да се одбие барање за регистрација.

Освен тоа, судијата констатирал дека статутот треба да има правила за зачленување и отчленување, како и правила за управување со имотните односи при прекин на членството.

Решението на Окружниот суд во Благоевград не е конечно и може да се оспори пред Софискиот апелативен суд.

Од 2001 година досега Бугарија неколку пати е осудувана од Европскиот суд за човекови права во Стразбур поради одбивањето да ја регистрира организацијата на Македонците во Бугарија, но Бугарија, како земја-членка на ЕУ нема никаков проблем со тоа,.

Поврзани содржини

Во март Србија ја посетиле најмногу туристи од Русија и од Северна Македонија

30 април 2026

Пронајдено тело во езеро на загребски Максимир

30 април 2026

Снег на Златибор и Копаоник

30 април 2026
НАЈНОВО

Утре температурите ќе паднат до -3 степени

30 април 2026

ЕУ подготвува „пакет за забрзана постепена интеграција“ на Украина

30 април 2026

ЗНАМ: Подолг период беше јасно дека Цеков се оддалечува од принципите на ЗНАМ

30 април 2026

Филипче по одлуката на Цеков: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа

30 април 2026

„Кошмарни“ редици и пропуштени летови: Турбулентен почеток на системот за влез и излез на ЕУ

30 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.