Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај, три денари пониска цена за дизелот, два денара за бензините

30 април 2026

Пентагон: Војната со Иран досега чини 25 милијарди долари

30 април 2026

Одложен „Маршот на ангелите“ поради првомајските празници: „Продолжуваме на 9 мај со уште поголема сила“

30 април 2026

Во посета на Тирана шефовите на дипломатиите на Словачка, Австрија и Чешка

30 април 2026

Во центарот на Лондон се појави нова скулптура на Бенкси

30 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, април 30
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Во центарот на Лондон се појави нова скулптура на Бенкси

Press OnlineBy Press Online30 април 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Лондон – Во центарот на Лондон се појави нова скулптура која му се припишува на британскиот анонимен уличен уметник Бенкси.

Скулптурата, која прикажува маж во движење со знаме што му го покрива лицето, е поставена на постамент на „Ватерло плејс“ (Waterloo Place), во близина на трговскиот центар во центарот на Лондон. Уметничкото дело се појавило во текот на ноќта, а Бенкси дополнително го потврди авторството, пренесува „London Evening Standard“.

Делото е сместено на сообраќаен остров, во близина на статуите на Едвард VII и Флоренс Најтингејл, како и споменикот на Кримската војна. Бенкси наводно изјавил дека локацијата била избрана затоа што „на тоа место имало празнина“, што е во согласност со неговите претходни практики на интервенции во јавниот простор.

Уметникот, чиј идентитет никогаш не е официјално потврден, е познат по политички ангажираните дела ширум светот, вклучувајќи мурали и инсталации кои често се појавуваат ненадејно на јавни места. Ова е уште едно во низата негови неодамнешни дела во Лондон, откако во претходните месеци објави повеќе мурали кои предизвикаа политички и општествени реакции.

Бенкси во декември 2025 година призна дека е автор на две фигури кои се појавија на ѕидот на зграда во Бејсвотер во Лондон. Во септември, Бенкси доспеа на насловните страници со муралот на кој демонстрант лежи на земја, држејќи транспарент испрскан со крв, додека судија со перика и во одора се надвиснува над него, држејќи чекан. Сликата се појави на надворешниот ѕид на зградата во комплексот на Кралскиот суд на правдата, меѓутоа, брзо беше покриена и заштитена од обезбедувањето пред да почнат работите за нејзино отстранување. Некои го протолкуваа уметничкото дело како коментар на апсењето на стотици луѓе поради поддршка на палестинската акција преку истакнување транспаренти на протести.

Во март, агенцијата Ројтерс објави дека го открила идентитетот на Бенкси и дека зад псевдонимот Бенкси стои Робин Ганингем (51) од Бристол, кој, како што наведуваат, подоцна го променил името во Дејвид Џонс за дополнително да го прикрие својот идентитет. „Ројтерс“ своето тврдење го заснова на повеќе извори: патувањето на уметникот во Украина во 2022 година, фотографиите објавени од неговите поранешни соработници, како и на наводната рачно напишана изјава од 2000 година, поврзана со апсење во Њујорк.

Поврзани содржини

Пентагон: Војната со Иран досега чини 25 милијарди долари

30 април 2026

ЕУ подготвува „пакет за забрзана постепена интеграција“ на Украина

30 април 2026

„Кошмарни“ редици и пропуштени летови: Турбулентен почеток на системот за влез и излез на ЕУ

30 април 2026
НАЈНОВО

Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај, три денари пониска цена за дизелот, два денара за бензините

30 април 2026

Пентагон: Војната со Иран досега чини 25 милијарди долари

30 април 2026

Одложен „Маршот на ангелите“ поради првомајските празници: „Продолжуваме на 9 мај со уште поголема сила“

30 април 2026

Во посета на Тирана шефовите на дипломатиите на Словачка, Австрија и Чешка

30 април 2026

Во центарот на Лондон се појави нова скулптура на Бенкси

30 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.