Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Трамп го предупредил Нетанјаху дека Израел може да остане без американска поддршка

10 јуни 2026

Полицијата интервенирала против учесници на демонстрациите во Брисел

10 јуни 2026

Секоја секунда се трошат над 3.700 долари за нуклеарно оружје

10 јуни 2026

Руската армија во Украина почна да губи 300 луѓе дневно

10 јуни 2026

Бранови високи до 11 метри го погодија Велингтон, евакуирани стотици жители

10 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Историска средба на Трамп и Путин – Судбината на Украина во нивни раце

Press OnlineBy Press Online11 август 2025 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

8

Американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин, ќе се сретнат на Алјаска на 15 август, каде што, како што е соопштено од Кремљ, „ќе се фокусираат на дискусии за опциите за постигнување долгорочно мировно решение во Украина“. Поради ова, тензиите во Киев и Европа растат, поттикнати од стравувањата дека претседателите на Америка и Русија сè ќе договорат сами, а сите останати актери ќе ги доведат пред свршен чин.

Путин наводно ѝ рекол на Америка дека ќе го запре војувањето во замена за источна Украина, а изгледа дека договорот ќе подразбира некаква размена на територии. Самиот Трамп изјави дека меѓу Русија и Украина ќе дојде до „размена на територии на добробит на двете страни“, на што се противат и Киев и неговите европски сојузници.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека „Украинците нема да ја дадат својата земја на окупаторите“.

„Мала победа за Путин“

Фактот дека Трамп се среќава со Путин на Алјаска претставува мала победа за рускиот претседател, изјави Тереса Гуенов, програмска директорка на Центарот за стратегии и безбедност „Скоукрофт“ при Атлантскиот совет.

– Изгледа дека Трамп влегува во овој разговор како да преговара со Путин на партнерски или пријателски начин. Тоа ќе продолжи да ги отежнува овие дискусии ако Украина не е вклучена – рече таа.

А Украина нема да учествува на овој состанок. Кога новинарите го прашале Трамп за таква можност, тој само одмавнал со рака, според „Њујорк тајмс“. Ако самитот на Алјаска помине успешно, како што пишуваат американските медиуми, би можел да се одржи состанок меѓу Путин, Трамп и Зеленски.

Според она што Путин наводно му го претставил на пратеникот на Трамп, Стив Виткоф, во Москва, Русија ќе се согласи на целосен прекин на огнот доколку Украина ги повлече своите сили од остатокот од источниот регион, со што Русија би ги контролирала Доњецк и Луганск, како и полуостровот Крим.

„Наместо да се најдат во мака – добија покана за самит“

Односот на Трамп кон Путинова Русија и војната во Украина се менувал речиси преку ноќ откако влезе во Белата куќа. Од првичната надеж дека брзо ќе постигне договор – иако не за 24 часа како што тврдеше – до фрустрација од руските напади врз украинските градови и одбивањето да се прифати траен прекин на огнот, што Москва го условува со отстранување на „причините“ за конфликтот. Но, откако Виткоф отпатува во Москва, само два дена пред истекот на ултиматумот на Трамп до Русија – прекин на огнот или санкции – наместо Кремљ да се најде во мака, Путин доби покана за Алјаска.

Сем Грин, професор по руска политика на Кралскиот колеџ во Лондон, изјави дека самитот е резултат на тоа што и Путин и Трамп „се нашле притиснати во ќош“.

Путин, рече Грин, никогаш не планирал да објави договор во согласност со ултиматумот на Трамп, бидејќи тоа би укажало на слабост под притисок, а Трамп бил несигурен во врска со воведувањето санкции што на крај би можеле да се покажат како неефикасни и „да ја покажат слабоста по втор пат“.

– Фактот што Путин не оди во САД како затвореник, што од фрустрирачки субјект стана некој што е добредојден и што состанокот се одржува без Украинци и Европејци – сето тоа е дипломатска победа за Русија – рече Грин.

Според генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, Трамп ќе го „тестира“ Путин.

– Во петок ќе биде важно да се види колку Путин е сериозен, а единствениот што може да го направи тоа е Трамп. Ако не е сериозен, тука сè ќе застане. Ако е сериозен, тогаш од петок натаму процесот ќе продолжи, Украина ќе се вклучи, Европејците ќе бидат вклучени – рече Руте.

Тој истакна дека Украинците, кога станува збор за дискусиите за територија, безбедносни гаранции, мировни преговори и за тоа што понатаму, „ќе мора да бидат и ќе бидат вклучени“, пренесе „CBS њуз“.

Поврзани содржини

Трамп го предупредил Нетанјаху дека Израел може да остане без американска поддршка

10 јуни 2026

Полицијата интервенирала против учесници на демонстрациите во Брисел

10 јуни 2026

Секоја секунда се трошат над 3.700 долари за нуклеарно оружје

10 јуни 2026
НАЈНОВО

Трамп го предупредил Нетанјаху дека Израел може да остане без американска поддршка

10 јуни 2026

Полицијата интервенирала против учесници на демонстрациите во Брисел

10 јуни 2026

Секоја секунда се трошат над 3.700 долари за нуклеарно оружје

10 јуни 2026

Руската армија во Украина почна да губи 300 луѓе дневно

10 јуни 2026

Бранови високи до 11 метри го погодија Велингтон, евакуирани стотици жители

10 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.