Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Повеќе луѓе повредени при експлозија во фабрика за хартија во САД

27 мај 2026

Николоски и Бутковиќ во Охрид: Решен проблемот со визите за македонските превозници во Хрватска

27 мај 2026

Трајчулески: Државата е во финансиска агонија, буџетот се распаѓа, Владата турка ново задолжување со кршење на процедурите

26 мај 2026

Трамп по лекарскиот преглед: Имам совршено здравје

26 мај 2026

Лукаревска: Новата фискална стратегија не нуди системски реформи, туку должничко ропство

26 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, мај 27
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Во Споменикот на слободата во Кочани започнува програмата за млади „Лето во друштво“

Press OnlineBy Press Online11 август 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Вечерва, 11 август 2025 година, од 21 часот, на Споменикот на слободата во Кочани,  со ритуална работилница во спомен на младите луѓе што ги загубија животите во пожарот во „Пулс“, ќе започне програмата за млади „Лето во друштво“ што ја подготви Центарот за психосоцијална и кризна акција Малинска во соработка со Општина Кочани, Локалниот младински совет Кочани и Сапорт Кочани.

Програмата што ќе трае до 23 август нуди спортски, уметнички, едукативни и психолошки работилници со различни активности наменети за сите млади од Кочани, Штип, Пробиштип, Виница, Чешиново-Облешево.

Учеството во работилниците треба да се пријави преку електронски  картички – формулари, со цел организаторите да ги испланираат и да ги спроведат активностите соодветно со бројот на учесниците. Во картичките детално се опишани планираните активности, времетраењето и локацијата на одржување.

Уметничките активности почнуваат денеска во 16 ч., со фотографска работилница за цијанотипија во Мултикултурниот центар во Кочани, а спортските од 12 август, на спортскиот терен во СОУ „Љупчо Сантов“. Посебен интерес се пројавува за набљудувањето на метеорскиот дожд Персеиди на манастирот „Св. Пантелејмон“ во селото Пантелеј, на 12 август од 21 ч. Организаторите најавуваат организиран превоз за пријавените млади. Автобусот ќе појде во 20 ч. од Градскиот плоштад. Останатите што сакаат да се вклучат во настанот потребно е сами да си го обезбедат превозот до Пантелеј.

Поврзани содржини

Николоски и Бутковиќ во Охрид: Решен проблемот со визите за македонските превозници во Хрватска

27 мај 2026

Трајчулески: Државата е во финансиска агонија, буџетот се распаѓа, Владата турка ново задолжување со кршење на процедурите

26 мај 2026

Лукаревска: Новата фискална стратегија не нуди системски реформи, туку должничко ропство

26 мај 2026
НАЈНОВО

Повеќе луѓе повредени при експлозија во фабрика за хартија во САД

27 мај 2026

Николоски и Бутковиќ во Охрид: Решен проблемот со визите за македонските превозници во Хрватска

27 мај 2026

Трајчулески: Државата е во финансиска агонија, буџетот се распаѓа, Владата турка ново задолжување со кршење на процедурите

26 мај 2026

Трамп по лекарскиот преглед: Имам совршено здравје

26 мај 2026

Лукаревска: Новата фискална стратегија не нуди системски реформи, туку должничко ропство

26 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.