Повеќе лица се повредени при денешната експлозија во фабриката за целулоза и хартија „Нипон“ во градот Лонгвју, во американската сојузна држава Вашингтон.
Властите не прецизираа колку луѓе се повредени, а локалните жители се предупредени да го избегнуваат реонот, каде се случи експлозијата.
Фабриката е лоцирана на реката Колумбија, на граница со сојузната држава Орегон.

