Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Во изминатото деноноќие 12 лица лишени од слобода поради поседување дрога

20 јуни 2026

Трамп се пофали со авионот подарен од Катар

20 јуни 2026

СДСМ: Од 1-ви до 1-ви, Мицкоски секогаш има нов рок, а никогаш резултати

20 јуни 2026

Птичјиот грип пристигна на сите континенти

20 јуни 2026

Мицкоски: До крајот на јуни ќе се формализира реконструкцијата на Влада, до1 јули списокот ќе се најде пред пратениците

20 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Британец уапсен за кибер нападот што го наруши работењето на европските аеродроми

Press OnlineBy Press Online25 септември 2025 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Британската полиција денеска соопшти дека уапсила маж како дел од истрагата за нападот со „ransomware“ врз компанијата „Колинс Аероспејс“ (Collins Aerospace), во сопственост на РТХ, што предизвика сериозни нарушувања во работењето на европските аеродроми.

Националната агенција за криминал – НЦА (NCA) соопшти дека маж на возраст од 40 години е уапсен во вторникот под сомнение за прекршоци според Законот за злоупотреба на компјутери и ослободен со кауција, јавија британските медиуми.

-Иако ова апсење е позитивен чекор, истрагата е во рана фаза и сè уште е во тек, рече заменик-директорот на Националната агенција, Пол Фостер.

Сè уште не е познато која криминална група стои зад хакирањето од минатата недела, а НЦА не објави дополнителни детали.

„Ransomware“ е софтвер што кибер-криминалците го користат за шифрирање на податоци и барање откуп за нивно ослободување.

Бандите што го користат овој метод обично работат во сенка за да го избегнат вниманието на органите за спроведување на законот.

Нападот врз „Колинс аероспејс“ е најновиот во низата кибер инциденти во Европа со значајни бизнис последици.

Поврзани содржини

Трамп се пофали со авионот подарен од Катар

20 јуни 2026

Птичјиот грип пристигна на сите континенти

20 јуни 2026

Во Боливија е прогласена вонредна состојба. Претседателот се обрати до нацијата

20 јуни 2026
НАЈНОВО

Во изминатото деноноќие 12 лица лишени од слобода поради поседување дрога

20 јуни 2026

Трамп се пофали со авионот подарен од Катар

20 јуни 2026

СДСМ: Од 1-ви до 1-ви, Мицкоски секогаш има нов рок, а никогаш резултати

20 јуни 2026

Птичјиот грип пристигна на сите континенти

20 јуни 2026

Мицкоски: До крајот на јуни ќе се формализира реконструкцијата на Влада, до1 јули списокот ќе се најде пред пратениците

20 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.