Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

СДСМ: Од 1-ви до 1-ви, Мицкоски секогаш има нов рок, а никогаш резултати

20 јуни 2026

Птичјиот грип пристигна на сите континенти

20 јуни 2026

Мицкоски: До крајот на јуни ќе се формализира реконструкцијата на Влада, до1 јули списокот ќе се најде пред пратениците

20 јуни 2026

Новиот руски амбасадор се сретна со Архиепископот Стефан

20 јуни 2026

Во Боливија е прогласена вонредна состојба. Претседателот се обрати до нацијата

20 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Мицкоски: До крајот на јуни ќе се формализира реконструкцијата на Влада, до1 јули списокот ќе се најде пред пратениците

Press OnlineBy Press Online20 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


– Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиуми рече дека до крајот на јуни ќе се формализира реконструкцијата на Влада, а до 1 јули очекува списокот да се најде пред пратениците. Тој оцени дека вчерашната средба со претставници на ВРЕДИ поминала во добра атмосфера, но не изнесе детали во интерес на процесот.

– Во интерес на процесот не би зборувал премногу околу конкретни кадровски решенија, имиња и слично. Се разгледуваат секакви опции. Во добра, пријатна атмосфера беше вчера состанокот. Се разгледуваат опции за промена на ресори, така што мислам дека многу бргу ќе го затвориме овој прв дел од процесот во условно кажано првиот ешелон. Денеска ќе видиме со ЗНАМ, во два часот имаме состанок со нив. Ќе разговараме отворено за сите добри страни, но и слабости, се разбира. Така што до крајот на следната недела, како што кажавме и до крајот на јуни да сето ова го формализираме и најдоцна до први јули списокот да се најде во Парламент пред парламентарците, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по поставување камен-темелник на градинка во Козле.

Мицкоски најави дека по реконструкцијата ќе продолжат и во другите структури и на локално ниво.

-Ние имаме и на локално ниво прилично голема бројка на директори на јавни претпријатија. Имаме свои мислења за работата на дел од тие луѓе. Имаме места каде што можеме подобро. Имаме места каде што сме исклучително задоволни. Такви се повеќето, но има и таму каде што е потребно да се поправиме и на ниво на општини, но и на локално ниво од аспект на подрачни единици. Така што процесот ќе продолжи во втората фаза во текот на летото и паралелно со тој процес, бидејќи горе-долу е оформена и структурата на партијата, ќе отпочнеме процес таму некаде во втората половина на јули, кој што евентуално би траел до крајот на септември на ажурирање на членството и ново зачленување во ВМРО ДПМНЕ, рече Мицкоски.

Според премиерот, овој процес на реконструкција длабински и суштински ќе промени многу нешта, заклучно со крајот на летото.

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, одговарајќи на новинарски прашања за реконструкцијата, рече дека не разговарал со премиерот за оваа тема, и нема да разговара, бидејќи, според него, секој мандатар си прави свој тим, и тие се на таа функција за да работат во полза на народот.

– Истакнав дека не сме овде за да бидеме товар, но да олесниме за да изградиме вакви проекти, градење на детски градинки кои чекаат и старски домови и слични објекти кои ќе бидат во полза на нашиот народ. Што се однесува до измените, иако денес завршува мојот мандат, јас мислам дека повеќе треба да се насочиме на тоа што направивме ние за доброто на оваа држава и народот, без разлика на тоа која е цената што треба ние да ја платиме. Не сме во овие позиции да бидеме товар ни на премиерот, ни на мандатарот, ни на никого. Сме овде да играме улога на играчи кои ќе ја сработат работата во полза на народот. нд/са/



Поврзани содржини

СДСМ: Од 1-ви до 1-ви, Мицкоски секогаш има нов рок, а никогаш резултати

20 јуни 2026

Новиот руски амбасадор се сретна со Архиепископот Стефан

20 јуни 2026

(Видео) Пак запален автомобил, овојпат во Маџари: Пироманот се движел пеш и минувал покрај камери и очевидци, дете прво го забележало пожар

20 јуни 2026
НАЈНОВО

СДСМ: Од 1-ви до 1-ви, Мицкоски секогаш има нов рок, а никогаш резултати

20 јуни 2026

Птичјиот грип пристигна на сите континенти

20 јуни 2026

Мицкоски: До крајот на јуни ќе се формализира реконструкцијата на Влада, до1 јули списокот ќе се најде пред пратениците

20 јуни 2026

Новиот руски амбасадор се сретна со Архиепископот Стефан

20 јуни 2026

Во Боливија е прогласена вонредна состојба. Претседателот се обрати до нацијата

20 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.