Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Триумфот на Румен Радев и потопот на Бојко Борисов на изборите во Бугарија

19 април 2026

Румен Радев: Очекувавме да бидеме први

19 април 2026

БГНЕС: Прогресивна Бугарија“ на Радев победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија.

19 април 2026

Нови дојави за бомби во „Ист гејт“ и „Дајмонд“, полицијата прави евакуација и проверки

19 април 2026

Иран повторно го затворa Ормускиот Теснец, Трамп се закани со нови бомбардирања

19 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, април 19
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Мецола го поддржа планот на Трамп за Газа: Носи надеж за мир и решение со две држави

Press OnlineBy Press Online1 октомври 2025 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа носи надеж и перспектива за мир и се надеваме дека ќе го одржи во живот решението за две држави, што ќе му гарантира безбедност на Израел, а на Палестинците ќе им даде можност да дојдат до државност по легитимен пат, изјави денеска претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола.

– Сега е на Хамас да го прифати предлогот. Оружјето мора да замолчи и заложниците да бидат ослободени. Тоа е патот што може да доведе до завршување на цикличното и децениско насилство, рече Мецола при пристигнувањето на неформалниот Самит на ЕУ во Копенхаген.

Мецола нагласи дека во фокусот на денешниот Самит ќе бидат и упадите на летала во воздушниот простор на ЕУ, особено по инцидентот со дроновите во Данска од пред неколку дена.

– Очигледно е дека она што порано беше тајно сега е јавно, а тоа значи дека треба да разговараме за откривање, за одбрана и за одвраќање, рече Мецола, додавајќи дека во тој контекст ќе се разговара и за соработката со НАТО и за создавањето на „Ѕидот од дронови“.

Мецола додаде дека руските напади врз Украина се интензивираат, па затоа ЕУ треба што побрзо да го усвои 19-от пакет санкции кон Москва и да работи на целосно ослободување од руските фосилни горива, со цел да се осигура дека воопшто не е енергетски зависна од Русија.

На прашање за коментар на застојот во усвојувањето на регулативи од страна на институциите на ЕУ, Мецола истакна дека ваквата состојба ја потврдува потребата од внатрешно реформирање на Унијата и поедноставување на процедурите.

– Реалноста е дека е тешко да се обезбедат политички мнозинства. Тешко е да се најдат мнозинства за носење закони. Досега успевавме во тоа, но ќе биде потребна политичка волја, а таа политичка волја ќе значи испорачување на резултатите што ги бараат гласачите, рече Мецола.

Таа додаде дека институциите меѓусебно си префрлаат вина за тоа кој е одговорен за застојот, но на гласачите не ми е грижа дали вината е во Советот или Парламентот или колку време и треба на Комисијата да предложи нешто.

– Наши гласачи се нашите бизниси, нашите семејства и нашите земјоделци и тие бараат резултати, додаде Мецола.

Поврзани содржини

Иран повторно го затворa Ормускиот Теснец, Трамп се закани со нови бомбардирања

19 април 2026

Цените на нафтата во нагол пад: Иран го отвори Ормускиот Теснец за време на примирјето

18 април 2026

Десет години по Брегзит: Повеќе од половина Британци сакаат враќање во ЕУ

18 април 2026
НАЈНОВО

Триумфот на Румен Радев и потопот на Бојко Борисов на изборите во Бугарија

19 април 2026

Румен Радев: Очекувавме да бидеме први

19 април 2026

БГНЕС: Прогресивна Бугарија“ на Радев победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија.

19 април 2026

Нови дојави за бомби во „Ист гејт“ и „Дајмонд“, полицијата прави евакуација и проверки

19 април 2026

Иран повторно го затворa Ормускиот Теснец, Трамп се закани со нови бомбардирања

19 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.