Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Триумфот на Румен Радев и потопот на Бојко Борисов на изборите во Бугарија

19 април 2026

Румен Радев: Очекувавме да бидеме први

19 април 2026

БГНЕС: Прогресивна Бугарија“ на Радев победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија.

19 април 2026

Нови дојави за бомби во „Ист гејт“ и „Дајмонд“, полицијата прави евакуација и проверки

19 април 2026

Иран повторно го затворa Ормускиот Теснец, Трамп се закани со нови бомбардирања

19 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, април 19
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Триумфот на Румен Радев и потопот на Бојко Борисов на изборите во Бугарија

Press OnlineBy Press Online19 април 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

 

Поранешниот пилот на „МиГ-29“ и донеодамна претседател на Бугарија помина како тајфун на на предвремените парламентарни избори одржани во неделата и веројатно на земјата конечно ќе ѝ донесе стабила влада по осум излегувања на биралиштата во последните пет години.

Излезните анкети велат дека Румен Радев и неговата коалиција „Прогресивна Бугарија“ освоија 38 или 39 отсто од гласовите, што е многу повеќе од истражувањата што беа правени последниов месец, па дури и последното објавено во петокот. Анектите ѝ даваа на коалицијата на Радев некаде околу 31 проценти, но нејзиниот резултат ќе биде драстично поголем.

Дали овој историски успех на Радев ќе биде доволен за да има самиот мнозинство во парламентот или ќе треба да оди во коалиција зависи кои партии ќе го поминат прагот од четири проценти. Неколкуте излезни анкети покажуваат дека социјалистите од БСП се околу прагот и ако го поминат можно е да бидат коалициски партнер. Доколку никој од можните партнери не влезе во коалиција со „Прогресивна Бугарија“, Румен Радев како премиер може да раководи малцинска влада.

Олку голема победа на една партија не е забележана во поновата парламентарна историја на Бугарија уште од 2009, кога ГЕРБ на Бојко Борисов победи со сличен резултат на своето прво излегување на избори.

Седумнаесет години подоцна Борисов и ГЕРБ запишуваат историски пораз на изборите со прилично висока излезност за бугарски услови, веројатно некаде околу 50 отсто. Излезните анкети на ГЕРБ му даваат од 14 до 16 отсто од гласовите, што е речиси за половина помалку од истражувањата на јавното мислење последниов месец (околу 20 проценти).

Во денот полн со изборни изненадувања подобро од очекувањата помина центристичката коалиција „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ), за која излезните анкети предвидуваат 14 проценти, а се споменува дека може да биде во тесна трка со ГЕРБ за второто место.

Освен ГЕРБ има и многу други губитници на неделените избори. Прво, тоа е ДПС – Нов почеток на олигархот Дељан Пеевски, кој стигнува до 8 отсто (анкетите до последно му предвидуваа околу 13 проценти). Поголем губитник од Пеевски може да бидат националистите од Преродба, кои се борат да го поминат четирипроцентниот праг, иако некои од излезните анкети велат дека нивната поддршка е околу 5 проценти.  Ова осиромашуванње на поддршката за нив веројатно е резултат што голем дел од нивните гласачи се преориентираа кон коалицијата на Радев.

Сите други партии потонаа далеку под прагот за влез во парламентот. Овие избори може да го означат крајот на Има таков народ на Слави Трифунов, чии претставници учествуваа во неколку влади последниве пет години. Но на денешното гласање нивниот резултат ќе биде околу 1 отсто. Во собранието сигурно не влегуваат ни досегашните парламентарни партии Меч, Величие, Алијансата за права и слободи на Ахмет Доган, кои имаат малку поголема поддршка од ИТН, но се далеку од 4 проценти.

За мнозинство за избор на влада се потребни 121 пратеници, но за уставно мнозинство за менување на клучни закони во правосудната сфера неопходни се 160 пратеници. Во Бугарија вечерва многу се расправа дали партиите на Борисов и Пеевски можат заедно да соберат 80 пратеници за да ги блокираат таквите уставни измени. Излезните анкети не се секогаш точни во Бугарија, но генерално покажуваат кој победува и кој губи. Броењето на гласовите од изборната комисија некаде додава по пратеник-два, некаде одзема. Многу ќе зависи како ќе гласаат Бугарите во странство и дали тие ќе му дадат поголема поддршка на Радев отколку на двете партии кои се олицетворение на статус-квото во Бугарија и бележани дека се корумпирани и дека работат во интерес на олигархијата.  

На неколку минути пред затворањето на избирачките места Радев изјави дека се надева оти со ПП-ДБ ќе бидат во иста насока за смена на Врховниот судски совет, кој е една од клучните брани за реформа на правосудството. Тој одби да коментира со кого ќе владее пред да бидат објавени конечните резултати од изборите.

„Ќе направиме сè што е можно за да не мора повторно да одиме на избори. Тоа е штетно за Бугарија. Ова значи одење од криза во криза и мора да работиме многу сериозно за да можеме да излеземе од овие кризи“, рече Радев.

Тој рече дека е подготвен за различни опции за Бугарија да има редовна и стабилна влада, вклучително и малцинска влада. Радев повика да се почекаат официјалните резултати, а потоа повторно ќе се произнесе.

Тој додаде дека многу луѓе од странство му испраќаат видеа од големи редови пред гласачките места. Има огромни редици луѓе кои сакаат да гласаат во Лондон и Барселона, рече Радев.

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, му честиташе на „првиот“ без да го спомене по име и објави дека нема да учествува во коалиции и „непринципиелни коалиции“. Тоа го кажа Горибов во објава на Фејсбук.

„Ви благодарам за секој глас за ГЕРБ. Му честитам на првиот!“, напиша Борисов. Тој верува дека „едно е да се добијат изборите, а сосема друго е да се владее“. „Изборите одлучуваат кој ќе биде прв, но преговорите ќе одлучат кој ќе владее“, истакнува Борисов. „ГЕРБ може да биде и во влада и во опозиција. Во политиката, како и во животот, потребно е трпение“, заклучи тој.

Лидерите на коалицијата „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“, упатија апел за потврдување на европскиот правец за развој на земјата и демонтирање на сегашниот модел на корупција.

Повикувајќи се на податоците од излезните анкети, ПП-ДБ денес до последен момент ги повикуваше своите поддржувачи да гласаат – „Второто место не е сигурно. Излезете и гласајте“.

Кампањата на ПП-ДБ се одвиваше под мотото: „Силна Бугарија во силна Европа“. Ја започнаа со барање да добијат 121 глас во идниот парламент, а ја завршија со инсистирање дека ГЕРБ и ДПС да имаат помалку од 80 места.

Коалицијата вети дека ќе го демонтира моделот „Пеевски-Борисов“, дека ќе ја одземе својата безбедност од тајната служба и дека приходите ќе растат со стапката на инфлацијата. Лидерите не се согласија околу можноста за соработка со формацијата на Румен Радев.

Претседателот на Продолжуваме со промената, Асен Василев, при гласањето не пропушти да ги нагласи линиите на поделба помеѓу ПП-ДБ и другите.

„Имаме единствена шанса да ја промениме Бугарија на подобро. И Бугарија навистина да биде во срцето на Европа, таму каде што припаѓа, со европски животен стандард и европски приход. За вистинска европска припадност на Бугарија, а не за експерименти меѓу Исток и Запад. Видовме колку далеку ги одведоа експериментите меѓу Исток и Запад Унгарците. Унгарските семејства станаа посиромашни од бугарските“.

Пред Радев да се кандидира за претседател на изборите во 2016 година, одделот за односи со јавноста на воздухопловните сили силно ги промовираше неговите „луп-по-луп“ во високопрофилно воздушно шоу. Слично на тоа, на општите избори оваа година, видео од кампањата го покажа во пилотската кабина на неговиот „МиГ-29“, раскажувајќи вертикално полетување.

По преземањето на претседателската функција во 2017 година, Радев брзо го надомести недостатокот на политичко искуство, искористувајќи ја својата воена позадина за да ја развие личноста на бестрашен патриот, некорумпиран од партиската политика. Како поранешен генерал, тој исто така го цитира своето воено образование во своите проценки зошто мисли дека Украина треба да склучи за мир со Русија.

Неговиот голем пробив се случи во 2020 година, среде голема политичка бура околу влијанието на олигарсите врз државните обвинители. Тоа беше борба што предизвика големи улични протести во текот на летото и му помогна на Радев да се етаблира како најпопуларен политичар во земјата.

Тој е оценуван како човек кој сака поблиски врски со Русија. На последниот ден во кампањата тој покажа фотографија која траеше само една секунда од негово ракување со Владимир Путин. Тој како претседател постојано беше против помош во вооружување за Украина. А беше и жесток противник на воведувањето на еврото.

Бугарија по овие избори изгледа дека влегува во помирна политичка фаза. Двајцата од фронтмените на системот на статус-кво и корупцијата, Бојко Борисов и Дељан Пеевски, доживеаја важен пораз. Зад Радев нема ниту една корупциска афера, но сега тој ќе мора да научи да раководи со земјата, а не да биде шеф на државата, каде што немаше такви лостови. Бугарите постојано очекуваат некакви „спасители“ по падот на комунизмот. И брзо се разочаруваат ако спасителот се покаже дека им давал лажна надеж. Румен Радев тоа добро го знае. Како што знае што се случува кога авионот почнува да губи висина. (Н.В.)

Поврзани содржини

Румен Радев: Очекувавме да бидеме први

19 април 2026

БГНЕС: Прогресивна Бугарија“ на Радев победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија.

19 април 2026

Бугарија гласа за 52. состав на Народното собрание

19 април 2026
НАЈНОВО

Триумфот на Румен Радев и потопот на Бојко Борисов на изборите во Бугарија

19 април 2026

Румен Радев: Очекувавме да бидеме први

19 април 2026

БГНЕС: Прогресивна Бугарија“ на Радев победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија.

19 април 2026

Нови дојави за бомби во „Ист гејт“ и „Дајмонд“, полицијата прави евакуација и проверки

19 април 2026

Иран повторно го затворa Ормускиот Теснец, Трамп се закани со нови бомбардирања

19 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.