Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

БГНЕС: Прогресивна Бугарија“ на Радев победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија.

19 април 2026

Нови дојави за бомби во „Ист гејт“ и „Дајмонд“, полицијата прави евакуација и проверки

19 април 2026

Иран повторно го затворa Ормускиот Теснец, Трамп се закани со нови бомбардирања

19 април 2026

ВРЕДИ: На кој јазик синот на Талат Џафери го положи правосудниот испит?!

19 април 2026

Корумпираниот судија од Врховен „ќари“ условен отпуст: наместо за три години, веќе летово ќе си го помине на слобода

19 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, април 19
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Скандалозна изјава на Орбан: Украина „не е суверена држава“ и членството во ЕУ би ја вовлекло Унијата во војна

Press OnlineBy Press Online1 октомври 2025 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан денеска изјави дека ситуацијата во светот е таква што „и само една грешка може да прерасне во светска војна“ и додаде дека пристапувањето на Украина во Европската унија не може да се оствари со „правни трикови“ кои ја заобиколуваат Унгарија.

– Ситуацијата е таква што и една грешка може да прерасне во светска војна. Не постои рационално пресметлив процент на опасност, туку конфликтна ситуација во која дури и една грешка на помоќен играч може да резултира со било што, дури и со светска војна, рече Орбан пред неформалниот самит на ЕУ во Копенхаген, пренесува унгарската новинска агенција МТИ.

Говорејќи пред новинарите пред состанокот, Орбан рече дека слушнал изјави кои упатуваат на „правни трикови“.

– Досегашните процедури за проширување се водеа во строго уредена постапка, мораме да се придржуваме до тоа, додаде Орбан, наведувајќи дека отворањето и затворањето на секоја област бара глас од секоја држава членка.

Пристапувањето на Украина беше предмет на референдум во Унгарија, а „унгарскиот народ одлучи да не го поддржи“, рече Орбан и истакна дека Унгарија, „за разлика од многумина други“, е демократија во која народот одлучува за важни прашања.

Според Орбан, Унгарија ја поддржува стратешката спогодба со Украина, но не и нејзиното членство во ЕУ бидејќи тоа би значело „воведување на Европската унија во војната Русија-Украина“, додавајќи дека членството на Украина би значело дека „поголемиот дел од средствата на ЕУ ќе одат во Украина“.

– Не знаеме каде е нејзината источна граница, не го знаеме бројот на нејзините жители и не може да стои на сопствени нозе, наведе Орбан, со оценка дека Украина „не е суверена држава“.

Во врска со планираниот ѕид против дронови на источната граница на ЕУ, Орбан рече дека Унгарија ја поддржува целата воена соработка.

– Ако нешто влезе во Унгарија што нам не ни припаѓа, ќе го собориме. Со ѕид против дронови или без него, истакна унгарскиот премиер.

Поврзани содржини

Иран повторно го затворa Ормускиот Теснец, Трамп се закани со нови бомбардирања

19 април 2026

Цените на нафтата во нагол пад: Иран го отвори Ормускиот Теснец за време на примирјето

18 април 2026

Десет години по Брегзит: Повеќе од половина Британци сакаат враќање во ЕУ

18 април 2026
НАЈНОВО

БГНЕС: Прогресивна Бугарија“ на Радев победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија.

19 април 2026

Нови дојави за бомби во „Ист гејт“ и „Дајмонд“, полицијата прави евакуација и проверки

19 април 2026

Иран повторно го затворa Ормускиот Теснец, Трамп се закани со нови бомбардирања

19 април 2026

ВРЕДИ: На кој јазик синот на Талат Џафери го положи правосудниот испит?!

19 април 2026

Корумпираниот судија од Врховен „ќари“ условен отпуст: наместо за три години, веќе летово ќе си го помине на слобода

19 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.