Вечерва во Скопје на Националната Арена „Тодор Проески“, Шкендија направи голем чекор кон групната фаза во Лигата на Европа. Првакот во ПМФЛ го совлада бугарскиот првак Лудогорец со 2-1, и оствари голема победа пред реваншот во Разград.
Иако губеше со 1-0 по голот на Дуарте со првата шанса на натпреварот, откако претходно Љатифи не реализираше „зицер“ за водство. Дуарте со удар по земја го совлада Гаје и го донесе Лудогорец во предност.
Меѓутоа во 35. минута постигна прекрасен гол од слободен удар од 26-27 метри, за израмнување.
Во вториот дел Бесарт Ибраими по една одлична акција ја донесе Шкендија во предност. До крајот на мечот тетовскиот тим имаше шанси за 3-1, но и Лудогорец имаше прилики непоразен да си замине од Скопје, меѓутоа резултатот остана непроменет.
ФОТО: ЕКИПА.МК

