Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Мохамад Багер Галибаф повторно избран за претседател на иранскиот парламент

25 мај 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче смета дека вметнувањето на Бугарите во Уставот е единствениот билатерален проблем со Бугарија и Румен Радев

25 мај 2026

Црна Гора попушта: „Нашиот пат кон ЕУ води преку Загреб“

25 мај 2026

ЗХГ: Дата центри во Македонија не смее да има

25 мај 2026

Повеќе од 1,5 милиони аџии пристигнаа во Мека на годишниот аџилак

25 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, мај 25
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

ЗХГ: Дата центри во Македонија не смее да има

Press OnlineBy Press Online25 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ упати остри критики до Владата и министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, по најавите за законски измени со кои треба да се привлечат големи технолошки компании за изградба на дата центри за вештачка интелигенција (ВИ) во Македонија. Од иницијативата децидно порачуваат дека вакви објекти „не смее да има во државата“, обвинувајќи ја власта дека свесно ги премолчува катастрофалните последици врз животната средина и локалното население.



„Имено Дата центрите трошат енормни количини електрична енергија при што најновите центри можат да користат енергија колку десетици илјади домаќинства, а најголемите објекти што се градат денес се очекува да трошат и до дваесет пати повеќе, а досегашната пракса со нивното работење покажала дека ова дополнително трошење на електрична енергија не го плаќаат „инвеститорите“ туку се распределува на ЛОКАЛНОТО НАСЕЛЕНИЕ.

Понатаму, покрај огромната потрошувачка на струја, Дата центрите користат и енормни количини вода за ладење на серверите, при што некои големи објекти трошат вода колку еден помал град, придонесуваат и за дополнително загадување на воздухот (нешто во што сме први во Европа по смртни случаи на глава на жител) и испуштаат штетни честички и гасови поврзани со респираторни и срцеви заболувања.“, се вели во соопштението на „Зелен хуман град“

 

Дополнително, иако Дата центрите при изградбата бараат значителен број работници, по пуштањето во употреба тие вработуваат едвај 30 до 50 луѓе (главно за обезбедување, техничко одржување и систем-администратори) а најголемиот дел од заработката завршува кај странските технолошки компании, додека за државата остануваат трошоците за ресурсите и евтиното отстапување на земјиштето, што претставува типичен пример за економски екстрактивизам..

Од „Зелен хуман град“ заклучуваат дека големите држави и моќните корпорации намерно ги префрлаат своите „највалкани“ индустрии во сиромашни и периферни земји како Македонија, каде што еколошките регулативи се намалуваат, а институциите се слаби и подложни на корупција. Поради ова, од иницијативата децидно бараат итно запирање на ваквите планови.



Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче смета дека вметнувањето на Бугарите во Уставот е единствениот билатерален проблем со Бугарија и Румен Радев

25 мај 2026

Малолетничка со породилни болки донесена на Клиниката за гинекологија, мајката е приведена

25 мај 2026

Патници се извлекувале низ врати и прозорци по ударот на трамвајот во Белград

25 мај 2026
НАЈНОВО

Мохамад Багер Галибаф повторно избран за претседател на иранскиот парламент

25 мај 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче смета дека вметнувањето на Бугарите во Уставот е единствениот билатерален проблем со Бугарија и Румен Радев

25 мај 2026

Црна Гора попушта: „Нашиот пат кон ЕУ води преку Загреб“

25 мај 2026

ЗХГ: Дата центри во Македонија не смее да има

25 мај 2026

Повеќе од 1,5 милиони аџии пристигнаа во Мека на годишниот аџилак

25 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.