Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Филибек: СДСМ го трасираше патот кон европската интеграција, иднината на Северна Македонија е во ЕУ

8 јуни 2026

Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

8 јуни 2026

ВЛЕН: Она што ДУИ не го направи за 25 години, ВЛЕН го прави за 25 месеци

8 јуни 2026

Филипче: СДСМ е таму каде што му е местото – на страната на народот, на работникот и младите

8 јуни 2026

ОЈО- Обид за убиство поради банална сообраќајка во Скопје – се бара притвор за двајца браќа

7 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Шукова од Бутел: БРТ систем за навремен, безбеден и функционален јавен превоз

Press OnlineBy Press Online3 октомври 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Бутел не е далеку од центарот, но е далеку од основните услови за достоен градски живот“, порача денес кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, при посетата на Општина Бутел, каде разговараше со жителите за долгогодишните проблеми со јавниот превоз.

Шукова истакна дека е свесна за реалноста на жителите од Општината која трае предолго, недостиг од соодветни автобуски линии, ретка фреквенција, пренатрупани автобуси и лоша поврзаност со остатокот од градот. Нивно секојдневие е чекање на автобуси што не доаѓаат, губење часови до работа, училиште или лекар…

„Секоја мајка што со дете чека автобус на сонце, секој пензионер што оди пеш до центар зашто нема превоз, секој млад човек што размислува да се исели тоа е лице на една урбана неправда. И тоа мора да го промениме,“ истакна Шукова.

Како решение, таа го посочи воведувањето на системот БРТ, чија втора фаза го вклучува правецот север-југ и ги поврзува населбите од Бутел со централното градско подрачје. Проектот, според Шукова, не само што ќе ја скрати патната дистанца, туку ќе ја намали социјалната и економската отсеченост на Бутелчани.

„БРТ не е само прашање на транспорт. Тоа е прашање на социјална правдина, достапност и еднаков третман за сите скопјани. Бутел мора да добие свое место на градската мапа, не само географски, туку и функционално,“ додаде таа.

Покрај воспоставување на БРТ, Шукова најави и модернизација на возниот парк, нов возен ред, воведување на приоритетни ленти и подобра поврзаност со клучните здравствени, образовни и економски центри во Скопје.

„Не зборуваме за луксуз, зборуваме за основни услови за живот. Јавниот превоз мора да биде предвидлив, безбеден и достапен“ заклучи Шукова од Бутел.

Поврзани содржини

Филибек: СДСМ го трасираше патот кон европската интеграција, иднината на Северна Македонија е во ЕУ

8 јуни 2026

Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

8 јуни 2026

ВЛЕН: Она што ДУИ не го направи за 25 години, ВЛЕН го прави за 25 месеци

8 јуни 2026
НАЈНОВО

Филибек: СДСМ го трасираше патот кон европската интеграција, иднината на Северна Македонија е во ЕУ

8 јуни 2026

Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

8 јуни 2026

ВЛЕН: Она што ДУИ не го направи за 25 години, ВЛЕН го прави за 25 месеци

8 јуни 2026

Филипче: СДСМ е таму каде што му е местото – на страната на народот, на работникот и младите

8 јуни 2026

ОЈО- Обид за убиство поради банална сообраќајка во Скопје – се бара притвор за двајца браќа

7 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.