Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Трамп ќе ги повлекува и американските трупи од Италија и Шпанија?

2 мај 2026

Трамп се согласи Иран да игра на Светското првенство во Америка

2 мај 2026

Масовен напад со дронови врз Одеса, силни експлозии одекнуваат во градот

2 мај 2026

Германскиот канцелар Мерц ја губи тешко стекнатата наклонетост на Трамп

2 мај 2026

Трамп одбива да носи панцир и покрај обидите за атентат: Не сакам да изгледам 20 килограми потежок

2 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
сабота, мај 2
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

Press OnlineBy Press Online3 октомври 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во Виница се случи најцрниот предизборен инцидент досега – претепан е кандидатот за советник на Демократски сили на Ромите (ДСР), Умут Скопко, кој е на 4 место на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ. Нападот се случи сред бел ден, пред ресторан, пред сведоци. Осуммина од обезбедувањето на владејачката партија, како што тврдат роднините, го тепале Умут и неговиот брат со цел да се откаже од кандидатура за советник. Умут од вчера лежи во кома во болница во Скопје, лекарите се борат за неговиот живот.

Ова не е прв напад врз него, само две недели претходно бил нападнат од истите луѓе, но тогаш случајот завршил само со пријава во партијата, во очекување дека ќе биде заштитен. Но, наместо заштита, следуваше крвопролевање.

Министерството за внатрешни работи излезе со стерилно соопштение – според нив, станувало збор за „физичка пресметка по претходна расправија“ меѓу двајца лица. Од МВР за ЦИВИЛ соопштија дека на 02.10.2025 во 18:20 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода Д.М.(37) од Виница.

„Имено, по преземени мерки, утврдено е дека околу 11:25 часот пред угостителски објект во Виница, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу Д.М. и И.С.(40) од Виница. Притоа, И.С. се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната помош во болницата во Кочани бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за понатамошно лекување. Увид на местото изврши екипа од СВР Штип – ОВР Виница, Д.М. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Истовремено, додека жртвата се бори за живот, полицијата навлезе во ромското маало со долги цевки и автоматско оружје, како во окупација, со што, според братучедот на жртвата, Пусат Јусеинов, јасно се испраќа порака: институциите не штитат, тие заплашуваат.

„Наместо полицијата да ги фати насилниците, тие со автомати дојдоа кај нас, мислејќи дека ќе нè заплашат“, вели братучедот на жртвата, Пусат Јусеинов, за ЦИВИЛ.

Ромската заедница е огорчена и најавува бојкот на локалните избори. „Ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту СДСМ. Доста е! Досега нашите 800–900 гласачи одлучуваа градоначалник во Виница. Овојпат, нема да има ромски глас за оние кои нè носат во болница“, категоричен е Јусеинов.

Шокантно е молчењето на врвот на власта. На синоќешниот митинг во Виница, на кој присуствуваше и премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, немаше ниту збор, ниту најмала осуда за бруталниот напад на нивниот кандидат за советник. Молчеше и Мицкоски, молчеше и партијата.

Денеска ромската заедница, ромските политички партиите и граѓаните бараат одговорност и расчистување на случајот.

Дехран Муратов

монтажа: Ариан Мехмети

Преземено: Цивил Медиа

Поврзани содржини

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

1 мај 2026

Украинските власти тврдат дека не добиле официјален предлог за примирје за 9 мај

1 мај 2026

Пеколно лето 2026: Во најава температури над 40 степени и чести топлотни бранови

1 мај 2026
НАЈНОВО

Трамп ќе ги повлекува и американските трупи од Италија и Шпанија?

2 мај 2026

Трамп се согласи Иран да игра на Светското првенство во Америка

2 мај 2026

Масовен напад со дронови врз Одеса, силни експлозии одекнуваат во градот

2 мај 2026

Германскиот канцелар Мерц ја губи тешко стекнатата наклонетост на Трамп

2 мај 2026

Трамп одбива да носи панцир и покрај обидите за атентат: Не сакам да изгледам 20 килограми потежок

2 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.