Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

„Договорот за набавка на 150 автобуси во Македонија е најголемиот во нашата историја“, велат од унгарски „Икарус“

3 мај 2026

НАТО одржува тајни состаноци со филмски работници низ Европа и САД

3 мај 2026

(Фото) Со ВЦ-школка се алармираат возачите да внимаваат на опасна дупка во Хиподром 2

3 мај 2026

Како војната во Иран ја зајакна Украина

3 мај 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче тоне во сервилност без крај и води лажна проевропска агенда додека во реалноста нема план и стратегија

3 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, мај 3
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

Press OnlineBy Press Online1 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Денеска, по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) организира масовен протестен марш во Скопје, со цел да испрати јасна порака до властите и работодавачите за итно подобрување на работничките права.

Главното барање на протестот е зголемување на минималната плата, бидејќи според податоците на УЈП повеќе од 260.000 работници, односно 50 отсто од работната сила во државата, живеат со примања под 600 евра. Трендафилов истакна дека неодамнешното усогласување на минималната плата за 1.667 денари е мизерно, особено ако се земе предвид дека вредноста на Синдикалната минимална кошница од почетокот на годината се зголемила за 3.304 денари. Поради ова, на едно семејство во кое двајцата родители се на минималец му недостасуваат средства дури и за најосновните прехранбени потреби, што според синдикатот претставува поразителен податок за креаторите на политиките и работодавачите.

Синдикатот алармира и дека колективните договори се под сериозен напад, посочувајќи ја иницијативата пред Уставниот суд за укинување на Колективниот договор за култура, што може да предизвика домино ефект за укинување на сите договори кои предвидуваат пресметка на плата по коефициент на сложеност. Дополнително, како клучна причина за револт се посочуваат катастрофалните услови за безбедност при работа, при што од ССМ потсетија на неодамнешниот фатален случај на градилиште во Скопје. Според изнесените податоци, Македонија претставува најцрна точка на мапата во Европа по бројот на смртни случаи и повреди на работните места, а работничкиот живот се вреднува помеѓу пет и десет илјади евра од осигурувањето.

Протестниот марш ќе започне во 11 часот пред Работничкиот дом, а ќе продолжи кон Собранието, Стопанската комора и Владата каде што ќе бидат упатени јасни пораки. Претседателот на ССМ ги повика работниците наместо да заминуваат на пикник или продолжен викенд, да се приклучат на маратонската синдикална борба, бидејќи доколку не се побунат, го губат правото да се лутат на суровата реалност и мизерните плати со кои не можат да го поминат месецот. Синдикалната борба дава резултати, а како пример беше посочен минатогодишниот штрајк на вработените во управата и правосудството кои за 12 месеци успеаја да обезбедат зголемување на платите за најмалку 14 отсто за 11.000 работници.

Синдикатите апелираа до сите граѓани, работници, студенти и младински организации масовно да се приклучат на денешниот протест и заеднички да го кренат гласот против социјалната неправда, мобингот и економската несигурност.

Поврзани содржини

„Договорот за набавка на 150 автобуси во Македонија е најголемиот во нашата историја“, велат од унгарски „Икарус“

3 мај 2026

(Фото) Со ВЦ-школка се алармираат возачите да внимаваат на опасна дупка во Хиподром 2

3 мај 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче тоне во сервилност без крај и води лажна проевропска агенда додека во реалноста нема план и стратегија

3 мај 2026
НАЈНОВО

„Договорот за набавка на 150 автобуси во Македонија е најголемиот во нашата историја“, велат од унгарски „Икарус“

3 мај 2026

НАТО одржува тајни состаноци со филмски работници низ Европа и САД

3 мај 2026

(Фото) Со ВЦ-школка се алармираат возачите да внимаваат на опасна дупка во Хиподром 2

3 мај 2026

Како војната во Иран ја зајакна Украина

3 мај 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче тоне во сервилност без крај и води лажна проевропска агенда додека во реалноста нема план и стратегија

3 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.