Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Триумфот на Румен Радев и потопот на Бојко Борисов на изборите во Бугарија

19 април 2026

Румен Радев: Очекувавме да бидеме први

19 април 2026

БГНЕС: Прогресивна Бугарија“ на Радев победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија.

19 април 2026

Нови дојави за бомби во „Ист гејт“ и „Дајмонд“, полицијата прави евакуација и проверки

19 април 2026

Иран повторно го затворa Ормускиот Теснец, Трамп се закани со нови бомбардирања

19 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, април 20
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Заврши големата спасувачка операција на Еверест, евакуирани сите блокирани лица во Тибет

Press OnlineBy Press Online8 октомври 2025 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Спасувачите синоќа евакуираа сите останати лица кои беа блокирани во близина на источната страна на врвот Еверест во Тибет, меѓу кои и стотици локални водичи и пастири на јакови, со што заврши една од најголемите спасувачки операции во регионот.

Стотици алпинисти беа блокирани од длабок снег за време на викендот во изолираната долина Карма, откако невообичаено силна бура го прекри регионот со обилни снежни врнежи.

Во саботата цел ден паѓал снег во долината која се наоѓа на просечна надморска височина од 4.200 метри. Во неделата спасувачите евакуирале околу 350 лица на безбедно место.

Вкупно 580 туристи, заедно со повеќе од 300 водичи, пастири на јакови и друг помошен персонал, биле евакуирани, соопшти официјалната кинеска новинска агенција Синхуа.

Долината Карма првпат била истражена од западни патници пред еден век. Во последните години, со развојот на регионот околу врвот Еверест во Тибет како главна туристичка атракција, областа привлекува сè повеќе посетители. Минатата година над 540.000 туристи го посетиле регионот на Еверест, што претставува нов рекорд.

Областа околу Еверест останува привремено затворена, забележува Синхуа, вклучувајќи ги долините Карма и Ронгшар, како и Чо Оју.

Обилните снежни врнежи за време на викендот ги погодија и стотици туристи во други делови на западна Кина, меѓу кои Синџијанг, Цингхај и Гансу. Најмалку едно лице загинало од хипотермија и акутна висинска болест.

Поврзани содржини

Иран повторно го затворa Ормускиот Теснец, Трамп се закани со нови бомбардирања

19 април 2026

Цените на нафтата во нагол пад: Иран го отвори Ормускиот Теснец за време на примирјето

18 април 2026

Десет години по Брегзит: Повеќе од половина Британци сакаат враќање во ЕУ

18 април 2026
НАЈНОВО

Триумфот на Румен Радев и потопот на Бојко Борисов на изборите во Бугарија

19 април 2026

Румен Радев: Очекувавме да бидеме први

19 април 2026

БГНЕС: Прогресивна Бугарија“ на Радев победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија.

19 април 2026

Нови дојави за бомби во „Ист гејт“ и „Дајмонд“, полицијата прави евакуација и проверки

19 април 2026

Иран повторно го затворa Ормускиот Теснец, Трамп се закани со нови бомбардирања

19 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.