Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека се надева оти земјата ќе може да го прослави Денот на радоста в понеделник, 13 октомври, по враќањето на заложниците од палестинската група Хамас.
-Пред две години, празникот Симхат Тора стана ден на национална жалост. Оваа година, со Божја помош, Симхат Тора ќе стане ден на национална радост, радост поради враќањето на сите наши браќа и сестри кои беа заложници, рече Нетанјаху во телевизиско обраќање.
Симхат Тора, еврејскиот празник познат и како Радост на Тората, започнува оваа година во понеделник вечер, 13 октомври.
Нетанјаху додаде дека од 48-те заложници на Хамас, 20 се живи, а 28 се мртви, потврдувајќи ја за прв пат смртта на две лица кои претходно не беа објавени од израелските власти.
Меѓу заложниците е и 24-годишниот пијанист Алон Охел, кој е исто така државјанин на Србија.

