Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Избори во Бугарија: Според обработени 68,34 отсто од протоколите, Прогресивна Бугарија води со 44,5%, ПП – ДБ е на второ место со 14 проценти, објави ЦИК

20 април 2026

Триумфот на Румен Радев и потопот на Бојко Борисов на изборите во Бугарија

19 април 2026

Румен Радев: Очекувавме да бидеме први

19 април 2026

БГНЕС: Прогресивна Бугарија“ на Радев победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија.

19 април 2026

Нови дојави за бомби во „Ист гејт“ и „Дајмонд“, полицијата прави евакуација и проверки

19 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, април 20
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

(ВИДЕО) Аплауз за Трамп, свирежи за Нетанјаху на собир во Тел Авив

Press OnlineBy Press Online12 октомври 2025 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф синоќа ги пофали напорите на претседателот на САД, Доналд Трамп, за постигнување примирје во Газа, во говорот што го одржа на митинг на Плоштадот на заложниците во Тел Авив, на кој присуствуваа стотици илјади луѓе.

– Сите му должиме длабока благодарност на претседателот Трамп, изјави Виткоф, пред да биде прекинат од долг аплауз и извиците „Благодариме, Трамп!“, пренесе ДПА.

Портпарол на Форумот на семејствата на заложниците и исчезнатите лица изјави дека на плоштадот имало околу 400.000 луѓе, а митингот се одржа еден ден по стапувањето во сила на примирјето меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.

Виткоф, кој беше придружуван од ќерката на Трамп, Иванка, и нејзиниот сопруг Џеред Кушнер, им оддаде почит на силата и трпението на семејствата и на израелскиот народ.

– Ви благодарам што покажавте дека иднината на овој регион може да се изгради не врз пепелта на старата омраза, туку врз ветувањето на заедничката надеж, рече Виткоф, кој претходно ја посети Газа во придружба на израелската војска. „Сонував за оваа ноќ. Ова беше долго патување“, додаде тој.

Аплаузот се претвори во свирежи и негодување кога Виткоф ја истакна улогата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

– Само дозволете ми да ја завршам мислата, рече пратеникот, аргументирајќи дека израелскиот лидер „дал сè за својата земја.“

Многу роднини на израелските заложници во Газа го обвинуваат Нетанјаху дека не направил доволно за нивното ослободување во двете години по терористичките напади на 7 октомври 2023 година, во кои беа убиени 1.200 луѓе, а 250 беа киднапирани и одведени во Појасот Газа.

Кушнер и Иванка Трамп исто така им се обратија накратко на присутните и ја пофалија улогата на Виткоф во успешните преговори. „Беше чест да се работи со толку посебен човек“, изјави Кушнер.

Иванка Трамп додаде: „Претседателот ме замоли да ви пренесам – како што веќе им кажа на многумина од вас лично – дека ве гледа, ве слуша. Тој е со вас, секогаш“.

Израел и Хамас се согласија за првата фаза од мировниот план на Трамп. Планот предвидува ослободување на 48-те преостанати заложници во појасот Газа и стотици палестински затвореници, што би можело да почне денеска. Израелската војска соопшти дека веќе се повлекла од делови на Појасот Газа.

Поврзани содржини

Иран повторно го затворa Ормускиот Теснец, Трамп се закани со нови бомбардирања

19 април 2026

Цените на нафтата во нагол пад: Иран го отвори Ормускиот Теснец за време на примирјето

18 април 2026

Десет години по Брегзит: Повеќе од половина Британци сакаат враќање во ЕУ

18 април 2026
НАЈНОВО

Избори во Бугарија: Според обработени 68,34 отсто од протоколите, Прогресивна Бугарија води со 44,5%, ПП – ДБ е на второ место со 14 проценти, објави ЦИК

20 април 2026

Триумфот на Румен Радев и потопот на Бојко Борисов на изборите во Бугарија

19 април 2026

Румен Радев: Очекувавме да бидеме први

19 април 2026

БГНЕС: Прогресивна Бугарија“ на Радев победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија.

19 април 2026

Нови дојави за бомби во „Ист гејт“ и „Дајмонд“, полицијата прави евакуација и проверки

19 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.