Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Избори во Бугарија: Според обработени 68,34 отсто од протоколите, Прогресивна Бугарија води со 44,5%, ПП – ДБ е на второ место со 14 проценти, објави ЦИК

20 април 2026

Триумфот на Румен Радев и потопот на Бојко Борисов на изборите во Бугарија

19 април 2026

Румен Радев: Очекувавме да бидеме први

19 април 2026

БГНЕС: Прогресивна Бугарија“ на Радев победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија.

19 април 2026

Нови дојави за бомби во „Ист гејт“ и „Дајмонд“, полицијата прави евакуација и проверки

19 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, април 20
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Судијка ѝ нареди на администрацијата на Трамп да ги запре масовните отпуштања поради „шатдаунот“

Press OnlineBy Press Online16 октомври 2025 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Федералната судијка Сузан Илстон вчера ѝ наложи на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ги запре масовните отпуштања за време на делумното затворање на владата сè додека не ги разгледа тврдењата на синдикатите дека тоа е нелегално.

На сослушувањето во Сан Франциско, судијката Илстон го одобри барањето на два синдикати за привремено блокирање на отпуштањата во повеќе од 30 агенции.

Директорот за буџет на Белата куќа, Расел Воут, рече дека повеќе од 10.000 федерални службеници би можеле да останат без работа како резултат на затворањето на владата, кое вчера влезе во својот 15-ти ден.

Илстон цитираше низа изјави на Трамп и Воут за кои таа верува дека покажуваат јасни политички мотиви за отпуштањата, како на пример кога Трамп рече дека „демократските агенции“ ќе бидат цел.

– Тоа не се прави во правна држава. Имаме закони тука, а она што се дискутира тука не е во рамките на законот, рече судијката, која беше назначена од поранешниот демократски претседател Бил Клинтон.

Илстон рече дека се согласува со синдикатите дека администрацијата нелегално го користи затворањето на владата, кое започна на 1 октомври, за да ја протурка својата агенда за намалување на федералната влада.

Според судските документи, околу 4.100 вработени во осум агенции се известени за нивното отпуштање.

Синдикатите на федералните и државните вработени тврдат дека затворањето на владата не ги оправдува отпуштањата бидејќи повеќето федерални вработени се ставени на неплатен одмор.

Републиканците на Трамп имаат мнозинство во двата дома на Конгресот, но им се потребни најмалку седум демократски гласа за да го усвојат законот за финансирање на владата во Сенатот, каде што демократите вршат притисок за продолжување на субвенциите за здравствено осигурување.

Поврзани содржини

Иран повторно го затворa Ормускиот Теснец, Трамп се закани со нови бомбардирања

19 април 2026

Цените на нафтата во нагол пад: Иран го отвори Ормускиот Теснец за време на примирјето

18 април 2026

Десет години по Брегзит: Повеќе од половина Британци сакаат враќање во ЕУ

18 април 2026
НАЈНОВО

Избори во Бугарија: Според обработени 68,34 отсто од протоколите, Прогресивна Бугарија води со 44,5%, ПП – ДБ е на второ место со 14 проценти, објави ЦИК

20 април 2026

Триумфот на Румен Радев и потопот на Бојко Борисов на изборите во Бугарија

19 април 2026

Румен Радев: Очекувавме да бидеме први

19 април 2026

БГНЕС: Прогресивна Бугарија“ на Радев победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија.

19 април 2026

Нови дојави за бомби во „Ист гејт“ и „Дајмонд“, полицијата прави евакуација и проверки

19 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.