Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Избори во Бугарија: Според обработени 68,34 отсто од протоколите, Прогресивна Бугарија води со 44,5%, ПП – ДБ е на второ место со 14 проценти, објави ЦИК

20 април 2026

Триумфот на Румен Радев и потопот на Бојко Борисов на изборите во Бугарија

19 април 2026

Румен Радев: Очекувавме да бидеме први

19 април 2026

БГНЕС: Прогресивна Бугарија“ на Радев победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија.

19 април 2026

Нови дојави за бомби во „Ист гејт“ и „Дајмонд“, полицијата прави евакуација и проверки

19 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, април 20
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Трамп и Путин кај Орбан: Будимпешта – сцена за лицемерието кон Украина или пат за вистински мир

Press OnlineBy Press Online17 октомври 2025 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Будимпешта подготвува сцена за нов дипломатски триаголник: Москва – Вашингтон – Кијив. Трамп и Путин во мировно-калкулантска кореографија за Украина кај лицемерот Орбан, додека Зеленски бара вистински мир.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека разговарал телефонски со рускиот претседател Владимир Путин и дека постигнале договор за подготовка на средба меѓу двајцата лидери во Будимпешта, Унгарија. Целта на разговорите, како што наведе Трамп, е да се отвори патот кон можен крај на војната меѓу Русија и Украина.

„Се согласивме дека следната недела ќе има состанок на нашите советници на високо ниво. Првичните средби ќе ги води државниот секретар Марко Рубио. Потоа, претседателот Путин и јас ќе се сретнеме во Будимпешта за да видиме дали можеме да ја завршиме оваа ‘неславна’ војна меѓу Русија и Украина“, напиша Трамп на својата мрежа Truth Social.

Американскиот претседател додаде дека разговорот со Путин бил „многу продуктивен“ и дека двајцата размислуваат за конкретни чекори за намалување на тензиите. „Претседателот Путин ни честиташе мене и на Соединетите Држави за големото достигнување на мирот на Блискиот Исток, нешто за кое, рече тој, се сонува со векови“, наведе Трамп, додавајќи дека „успехот на Блискиот Исток ќе помогне и во преговорите за завршување на војната во Украина“.

Трамп калкулира, Путин предупредува

Од Кремљ, пак, сценариото звучи веќе познато. Оттаму потврдија дека телефонскиот разговор се одржал „на барање на американската страна“, и дека Путин го предупредил својот соговорник дека евентуалната испорака на американски крстосувачки ракети „Томахавк“ во Украина би можела сериозно да го загрози мировниот процес.

„Таков потег би имал директни негативни последици за билатералните односи меѓу Москва и Вашингтон“, соопштија од Кремљ.

Истото предупредување што Москва го користи секојпат кога сака да добие време и да ја префрли вината на Западот.

Ракетите „Томахавк“ имаат дострел до 2.500 километри, што би значело дека Москва би била во дострел на украинската армија, доколку тие оружја бидат испорачани.

Трамп пак изјави дека САД не можат да ги „осиромашат“ своите резерви на тие ракети. „Не можеме да ги осиромашиме резервите на нашата земја. Ни требаат. Не знам што можеме да направиме“, рече тој пред новинарите во Белата куќа.

Руската дипломатија вешто ја спакува агресијата во „загриженост“, а заканите во „потрага по стабилност“. Под превезот на мир, Кремљ бара ново дипломатско сценарио во кое Украина ќе биде дел од преговарачка формула, а не жртва на инвазија.

Зеленски – во шаховската сенка на сојузниците

Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Вашингтон, надевајќи се дека моментумот од крајот на војната на Блискиот Исток ќе го поттикне и завршетокот на руската агресија. „Путин не е похрабар од Хамас“, порача тој, повикувајќи на јазикот на сила и правда.

Но Зеленски веќе одамна не е наивниот симбол на отпор – тој сега мора да преговара со свет што уморно гледа на војната, а особено со сојузници што сè почесто размислуваат за сопствените сметки отколку за украинскиот фронт. Во Вашингтон, тој не бара само ракети, туку и уверување дека светот сè уште ја разбира цената на слободата.

Орбан – лицемерниот „глас на мирот“

И тогаш, како по обичај, се јави Виктор Орбан – човекот кој најмногу го злоупотребува зборот мир. „Голема вест за мирољубивите луѓе ширум светот. Подготвени сме!“, напиша на X веднаш по најавата за средбата Трамп–Путин.

Но зад неговите зборови се крие лицемерие старо колку и неговиот политички опстанок. Истата таа Унгарија која блокира европски санкции кон Москва и одржува пријателски односи со Путин, сега се нуди како неутрална платформа за мир.

Орбан вели дека „војната го задушува европскиот економски раст“, а во исто време тргува со руска нафта, саботира заеднички европски позиции и обвинува дека „Европа го финансира Кијив, а Америка профитира“. Таа реторика не е глас на разум, туку на цинизам. Орбан се претставува како чувар на „мирот“, но неговиот вистински интерес е да го зацврсти својот режим, да ги изолира критичарите и да биде посредник меѓу автократијата и западните пари.

За него, Будимпешта е совршена сцена – град меѓу Исток и Запад, каде што може да се продава мирот како стока, а војната како деловна можност.

Мир без Украина на масата е маркетинг, а не цел

Во овој дипломатски триаголник, сите зборуваат за мир, но секој мисли на нешто друго. За Трамп, тоа е шанса да се појави како успешен „договорџија“ и миротворец додека дома ги окупира сопствените градови со Национална града. За Путин – можност да се наметне како рамноправен играч и да ја легализира агресијата врз Украина. За Орбан – уште една сцена каде може да глуми арбитар, додека продолжува да профитира од истата таа војна што ја нарекува „бреме“.

А за Украина – тоа е борба за опстанок, додека светот ја претвора нејзината трагедија во дипломатска монета за поткусурување. Но, Зеленски нема друга опција на располагање. Во моментов така се поставени крупните гео-политички фигури на масата.

Будимпешта можеби ќе биде градот каде што ќе се сретнат Трамп и Путин, но и место каде ќе се види најјасно дали мирот повеќе ќе се продава, отколку што ќе се гради, или пак навистина ќе биде пат кон вистински мир.

Поврзани содржини

Иран повторно го затворa Ормускиот Теснец, Трамп се закани со нови бомбардирања

19 април 2026

Цените на нафтата во нагол пад: Иран го отвори Ормускиот Теснец за време на примирјето

18 април 2026

Десет години по Брегзит: Повеќе од половина Британци сакаат враќање во ЕУ

18 април 2026
НАЈНОВО

Избори во Бугарија: Според обработени 68,34 отсто од протоколите, Прогресивна Бугарија води со 44,5%, ПП – ДБ е на второ место со 14 проценти, објави ЦИК

20 април 2026

Триумфот на Румен Радев и потопот на Бојко Борисов на изборите во Бугарија

19 април 2026

Румен Радев: Очекувавме да бидеме први

19 април 2026

БГНЕС: Прогресивна Бугарија“ на Радев победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија.

19 април 2026

Нови дојави за бомби во „Ист гејт“ и „Дајмонд“, полицијата прави евакуација и проверки

19 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.