Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Пријави за бомби во неколку училишта во Сплит, полицијата ги проверува

20 април 2026

Од Словенија се приближува ново невреме: Бура, град и силни ветрови

20 април 2026

Избори во Бугарија: Според обработени 68,34 отсто од протоколите, Прогресивна Бугарија води со 44,5%, ПП – ДБ е на второ место со 14 проценти, објави ЦИК

20 април 2026

Триумфот на Румен Радев и потопот на Бојко Борисов на изборите во Бугарија

19 април 2026

Румен Радев: Очекувавме да бидеме први

19 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, април 20
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Трамп: Средбата со Путин ќе биде „двонасочна“, но САД ќе бидат во контакт со Зеленски

Press OnlineBy Press Online18 октомври 2025 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска за време на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон изјави дека претстојната средба со рускиот лидер Владимир Путин во Будимпешта, Унгарија, ќе биде само за две земји, но истакна дека САД ќе бидат во контакт со Зеленски.

-Тоа ќе биде двонасочна средба. Но, претседателот ќе биде во контакт со Зеленски. Има многу лоши односи меѓу двајцата претседатели и не претерувам кога го велам тоа, рече Трамп, пренесува Си-Ен-Ен.

Вчера, по двочасовен разговор со рускиот претседател Владимир Путин, Трамп објави дека двајцата ќе се сретнат во Будимпешта во наредните недели, иако точниот датум сè уште не е одреден.

Претседателот Трамп, исто така, за време на средбата објави дека ќе разговара со Зеленски за нови можности што ќе ѝ овозможат на Украина да напаѓа цели подлабоко на руска територија.

-Ќе разговараме за тоа. Тоа е темата пред нас. Тоа е ескалација, но ќе разговараме за тоа денеска, рече Трамп.

Во исто време, Трамп не изрази став за прашањето дали Украина ќе мора да отстапи делови од својата територија како дел од мировниот договор со Русија.

-Никогаш не се знае. Војната е многу интересна. Никогаш не се знае. Едноставно никогаш не се знае, со војна, војна и мир, никогаш не се знае, нагласи Трамп.

На прашањето на американските новинари дали мисли дека може да го убеди рускиот претседател Владимир Путин да ја прекине војната, Трамп одговори потврдно, односно дека може да го убеди Путин.

Иако директно не ги спомена ракетите Томахавк, американските медиуми објавија дека овие ракети со долг дострел од американско производство биле во центарот на денешните разговори.

На почетокот од средбата, Трамп нагласи дека му е чест да биде домаќин на, како што рече, „силен лидер“ и „човек кој поминал низ многу“.

„Голема работа е што вчера имавме важен телефонски разговор со претседателот Путин. И ќе разговараме за тоа“, рече Трамп, додавајќи дека Зеленски „изгледа одлично во јакната“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и претседателот на САД Доналд Трамп се сретнаа денеска во Белата куќа во Вашингтон, на нивната трета средба оваа година.

Поврзани содржини

Иран повторно го затворa Ормускиот Теснец, Трамп се закани со нови бомбардирања

19 април 2026

Цените на нафтата во нагол пад: Иран го отвори Ормускиот Теснец за време на примирјето

18 април 2026

Десет години по Брегзит: Повеќе од половина Британци сакаат враќање во ЕУ

18 април 2026
НАЈНОВО

Пријави за бомби во неколку училишта во Сплит, полицијата ги проверува

20 април 2026

Од Словенија се приближува ново невреме: Бура, град и силни ветрови

20 април 2026

Избори во Бугарија: Според обработени 68,34 отсто од протоколите, Прогресивна Бугарија води со 44,5%, ПП – ДБ е на второ место со 14 проценти, објави ЦИК

20 април 2026

Триумфот на Румен Радев и потопот на Бојко Борисов на изборите во Бугарија

19 април 2026

Румен Радев: Очекувавме да бидеме први

19 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.