Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Трамп го предупредил Нетанјаху дека Израел може да остане без американска поддршка

10 јуни 2026

Полицијата интервенирала против учесници на демонстрациите во Брисел

10 јуни 2026

Секоја секунда се трошат над 3.700 долари за нуклеарно оружје

10 јуни 2026

Руската армија во Украина почна да губи 300 луѓе дневно

10 јуни 2026

Бранови високи до 11 метри го погодија Велингтон, евакуирани стотици жители

10 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Буџетот за 2026 година е развоен, секоја ставка е внимателно проектирана

Press OnlineBy Press Online21 ноември 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Буџетот за 2026 година е реален, развоен и секоја ставка е многу внимателно проектирана. Растот е проектиран на 3,8%, а буџетскиот дефицит на 3,5% од БДП, што е согласно определбата за фискална консолидација. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Дневникот на МРТ.

„Факт е дека Буџетот за 2026 година е развоен. Со колегите во Министерството за финансии успеавме да извадиме еден максимум во смисла на проектирање на поединечен буџет на секоја институција, а при тоа имајќи предвид дека мора да имаме развоен буџет, мора да имаме фискална консолидација, но истовремено да ги погледнеме и обврските кои ги има секоја од институциите коишто се евидентирани во системот на МФ и  да ги земеме предвид и да ги вклопиме приоритетите на Владата“, рече министерката за финансии.

Таа потенцира дека преку  мерките за фискална консолидација и поголема контрола на расходната страна  како што е предвидено со Буџетот за 2026 година и продолжување на позитивните резултати во делот на БДП ќе имаме и намалување на јавниот долг.

Како што појасни во наредната година ќе се обезбедат на домашен и меѓународен пазар средства за да се вратат обврски кои се создадени од претходната Влада, вклучително и Еврообврзницата издадена во 2020 година и други заеми и дека ново задолжување ќе биде она што е потребно за финансирање на буџетскиот дефицит. 

Очекува дека јавниот долг ќе се намали под 60% од БДП порано од 2028 година како што е предвидено со Стратегијата за управување со јавен долг.

Таа потенцира дека во ставките за плати и пензии се предвидени средства согласно законските решенија и дека ќе има раст на минималната плата.

Во гостувањето најави дека во Министерството за финансии веќе се работи на објавување на нова емисија на Граѓанска обврзница и дека тоа ќе биде наскоро.

Поврзани содржини

Петровска: Власта нема капацитет за реформи и ја губи довербата во институциите

10 јуни 2026

Тошковски: Со поддршка од EU4FAST ја зајакнуваме борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе

10 јуни 2026

Мицкоски: За новиот клинички центар разгледуваме локација кај базенот „Борис Трајковски, кој заедно со  „8 Септември“ и поликлиниката Букурешт би бил еден целосен комплекс

10 јуни 2026
НАЈНОВО

Трамп го предупредил Нетанјаху дека Израел може да остане без американска поддршка

10 јуни 2026

Полицијата интервенирала против учесници на демонстрациите во Брисел

10 јуни 2026

Секоја секунда се трошат над 3.700 долари за нуклеарно оружје

10 јуни 2026

Руската армија во Украина почна да губи 300 луѓе дневно

10 јуни 2026

Бранови високи до 11 метри го погодија Велингтон, евакуирани стотици жители

10 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.