Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

СДСМ бара „ДКСК да го истражи скандалот со Јанушев и поврзаноста со бугарска фирма“

24 јуни 2026

Руте ја поддржува политиката на САД кон Иран

24 јуни 2026

МНР на Бугарија негира дека испратило дипломатска нота за патувањето на семејството на Мицкоски во Пампорово

24 јуни 2026

Таравари бара гаранции за преговори со ЕУ, а не функции и привилегии, велат од Алијансата за Албанците

24 јуни 2026

Тело на млад човек пронајдено на древно место во Англија. „Убиен е на најбрутален начин“

24 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

МНР на Бугарија негира дека испратило дипломатска нота за патувањето на семејството на Мицкоски во Пампорово

Press OnlineBy Press Online24 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

 



Министерството за надворешни работи на Бугарија негира дека испратило дипломатска нота поврзана со посетата на Бугарија на сопругата и помалиот син на премиерот Христијан Мицкоски. Во соопштение испратено до бугарските медиуми, од МНР на Бугарија велат дека информациите што деновиве циркулираат во јавноста се однесуваат на вербална нота од 6 јануари годинава и се однесуваат на настани што поминале одамна.

„Во моментов, оваа информација не може да се сфати како основа за заклучоци дека постои непосредна опасност по безбедноста на граѓаните на Бугарија или на друга земја. Министерството за надворешни работи придава големо значење на заштитата на дипломатската кореспонденција и строго се придржува кон утврдените меѓународни правила и практики во оваа област“, ​велат од Министерството на Бугарија.

Говорејќи за односите со Софија, премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека била објавена дипломатска нота за неколкудневен престој на неговата сопруга и помалиот син во Пампорово, Бугарија, на почетокот на годината. Рече дека за случајот веќе ги информирал партнерите во НАТО бидејќи со објавувањето на дипломатската нота, како што кажа, се загрозува безбедноста на неговото семејство.

По неговата изјава, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во Скопје бил повикан бугарскиот амбасадор Жељазко Радуков, од кого било побарано објаснување и темелна истрага од страна на Софија за објавувањето на дипломатската нота за патувањето на семејството на Мицкоски во Пампорово.

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски оцени дека ваквото постапување е неприфатливо според меѓународното право во односите меѓу две држави, независно од тоа дали меѓу нив постојат тензии.



Поврзани содржини

СДСМ бара „ДКСК да го истражи скандалот со Јанушев и поврзаноста со бугарска фирма“

24 јуни 2026

Таравари бара гаранции за преговори со ЕУ, а не функции и привилегии, велат од Алијансата за Албанците

24 јуни 2026

Екстрадиран Саит Саитов кој во јануари избега во Србија откако прегази жена во Капиштец

24 јуни 2026
НАЈНОВО

СДСМ бара „ДКСК да го истражи скандалот со Јанушев и поврзаноста со бугарска фирма“

24 јуни 2026

Руте ја поддржува политиката на САД кон Иран

24 јуни 2026

МНР на Бугарија негира дека испратило дипломатска нота за патувањето на семејството на Мицкоски во Пампорово

24 јуни 2026

Таравари бара гаранции за преговори со ЕУ, а не функции и привилегии, велат од Алијансата за Албанците

24 јуни 2026

Тело на млад човек пронајдено на древно место во Англија. „Убиен е на најбрутален начин“

24 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.