Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
НАЈНОВО

Најмалку 38 лица починаа од студ во Полска

2 февруари 2026

Најстудено на Попова Шапка, измерени -7 степени

2 февруари 2026

Претреси во Битола, пронајдена дрога: Приведени 18-годишна девојка и 40-годишен маж

2 февруари 2026

Привршува процесот против Тачи и уште тројца поранешни команданти на ОВК во Специјалниот суд за Косово во Хаг

2 февруари 2026

Затворен патниот правец Удово – Валандово поради излевање на река

2 февруари 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, февруари 2
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Одреден притвор за тројца осомничени поради заплена на пет тони марихуана, организаторот на групата во бегство

Press OnlineBy Press Online1 февруари 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

19

Вишиот суд во Белград одреди притвор за три лица уапсени поради заплена на повеќе од пет тони марихуана во селото Коњух, во близина на Крушевац. Како што соопшти судот, притвор им е одреден на Н.С., Р.С. и И.Д. по сите законски основи, поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци, повторување на кривичното дело и вознемирување на јавноста.

Претходно, Јавното обвинителство за организиран криминал соопшти дека е донесена наредба за спроведување истрага против Александар Мијајловиќ, Небојша Спасојевиќ, Раде Спасојевиќ, Иван Драгниќ и Урош Младеновски.

Осомничените се товарат за кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, а на сослушувањето во обвинителството го искористиле законското право да се бранат со молчење.

Александар Мијајловиќ, кој е означен како организатор на организираната криминална група, во моментов е во бегство, поради што е поднесен предлог до судијата за претходна постапка за распишување потерница, вклучително и меѓународна.

Според обвинителството, групата делувала на меѓународно ниво и во текот на јануари годинава на територијата на Северна Македонија набавила повеќе од пет тони марихуана. Дрогата, според планот на организаторот, преку граница ја пренесувал Иван Драгниќ, по што била складирана во објекти поврзани со семејството Спасојевиќ, а за понатамошна продажба ја преземал Урош Младеновски.

Како особено индикативен детал, обвинителството наведува дека Иван Драгниќ е сосопственик на трговското друштво ALPHAPHARM, регистрирано во Скопје за производство и преработка на медицински канабис.

По повод акцијата се огласи и министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, кој изјави дека станува збор за најголемата заплена на дрога досега во Србија. Тој заедно со директорот на полицијата Драган Васиљевиќ ја пофалил Управата за криминалистичка полиција за, како што рече, исклучително успешно спроведената акција.

Оваа заплена се смета за рекордна во историјата на српската полиција. Претходниот рекорд изнесувал 1.960 килограми, додека во текот на целата мината година биле запленети вкупно 6,1 тон наркотични средства.

 

Поврзани содржини

Привршува процесот против Тачи и уште тројца поранешни команданти на ОВК во Специјалниот суд за Косово во Хаг

2 февруари 2026

Јас сум „најслободниот претседател на светот“, државата нема врска со петте тони марихуана

1 февруари 2026

Јовева: Судските одлуки во Бугарија не се игнорираат… цело време

31 јануари 2026
НАЈНОВО

Најмалку 38 лица починаа од студ во Полска

2 февруари 2026

Најстудено на Попова Шапка, измерени -7 степени

2 февруари 2026

Претреси во Битола, пронајдена дрога: Приведени 18-годишна девојка и 40-годишен маж

2 февруари 2026

Привршува процесот против Тачи и уште тројца поранешни команданти на ОВК во Специјалниот суд за Косово во Хаг

2 февруари 2026

Затворен патниот правец Удово – Валандово поради излевање на река

2 февруари 2026
Press Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.