Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

ЕУ ги суспендираше сите финансиски исплати кон Србија

1 мај 2026

1 Мај – ден на борба, а не на празник! СДСМ го поддржува протестот на работниците

1 мај 2026

Белгија се приклучува кон Специјалниот трибунал за руската агресија врз Украина

1 мај 2026

По повод 1 Мај дел од паркиралиштата во Скопје бесплатни за граѓаните

1 мај 2026

Истекува рокот што му дава на Трамп 60 дена да започне војна без одобрение од Конгресот

1 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, мај 1
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Јас сум „најслободниот претседател на светот“, државата нема врска со петте тони марихуана

Press OnlineBy Press Online1 февруари 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

17

Говорејќи за ТВ Пинк, Вучиќ истакна дека заплената на дрогата е резултат на акција спроведена од Управата за криминалистичка полиција.
„Луѓето од криминалистичката полиција пред неколку дена пронајдоа пет тони дрога. Дали за тоа знаел само синот или и синот и таткото, тоа треба да го утврдат надлежните органи, нема ништо да претпоставувам. Ние ја спроведовме таа акција“, изјави Вучиќ, осврнувајќи се на случајот со заплената на марихуана на имот поврзан со локален функционер на владејачката Српска напредна странка.

Тој додаде дека неговите противници сега тврдат дека, бидејќи случајот не бил на насловните страници на таблоидите, „сигурно државата стоела зад тоа“.
„Што и да се случи, тие сè ќе превртат наопаку. Нема рационална работа што може да се слушне од нив“, рече Вучиќ.

„Никој не може да ми нареди дали ќе потпишам закон“

Прочитајте повеќе:

Вучиќ повтори дека е „најслободниот претседател на светот“ и дека одлуките ги носи во согласност со Уставот и интересите на граѓаните. Според него, никој, па ни Европската унија, не може да му нареди дали ќе потпише одреден закон.

„Мене не може никој да ми нареди. Ќе го сослушам секого, но одлуката ја носам јас“, изјави Вучиќ, осврнувајќи се на таканаречените правосудни закони, за кои, како што рече, се шпекулирало дека нема да ги потпише поради наводно противење од ЕУ.

Тој наведе дека министерот за правда Ненад Вујиќ со денови ги бранел законите во Собранието, додека други министри избегнувале да се вклучат, плашејќи се да не се замерат со Брисел. Вучиќ посебно го пофали пратеникот Угљеша Мрдиќ, оценувајќи дека покажал „огромна храброст“ со своите постапки и предлози.

„Револуционерна правда“

Претседателот на Србија изјави и дека неговите противници зборуваат за независно судство и обвинителство, а во исто време, како што рече, „навестуваат револуционерна правда“. Тој оцени дека тие не нудат ништо освен „патолошка страст и омраза“.

Вучиќ додаде дека најновите истражувања на јавното мислење покажуваат дека, по 14 години, има повеќе позитивни отколку негативни оценки за неговата работа, нагласувајќи дека „луѓето на крајот се враќаат на резултатите“.

Поддршка за Ѓоковиќ

Во интервјуто, Вучиќ изјави и дека „со сето срце навива“ за Новак Ѓоковиќ во финалето на Австралија опен.
„Навивам за Ѓоковиќ и за сите што ја носат српската тробојка и се радуваат на неговиот успех“, рече Вучиќ, оценувајќи дека Ѓоковиќ уште еднаш покажал дека е „најголемиот во своето време“.

Тој потврди дека разговарал со Ѓоковиќ, но додаде дека деталите од разговорот ќе останат меѓу нив, нагласувајќи дека своите политички убедувања нема да ги менува под влијание на која било јавна личност.

 

Поврзани содржини

ЕУ ги суспендираше сите финансиски исплати кон Србија

1 мај 2026

Штрајк и протести во Грција по повод Денот на трудот

1 мај 2026

Предвремените избори во Косово распишани на 7 јуни

30 април 2026
НАЈНОВО

ЕУ ги суспендираше сите финансиски исплати кон Србија

1 мај 2026

1 Мај – ден на борба, а не на празник! СДСМ го поддржува протестот на работниците

1 мај 2026

Белгија се приклучува кон Специјалниот трибунал за руската агресија врз Украина

1 мај 2026

По повод 1 Мај дел од паркиралиштата во Скопје бесплатни за граѓаните

1 мај 2026

Истекува рокот што му дава на Трамп 60 дена да започне војна без одобрение од Конгресот

1 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.