Холивудската актерка Деми Мур била доста зафатена викендов. На 27 февруари присуствувала на ревијата на „Гучи“ на Модната недела во Милано, и во таа пригода ја покажала новата фризура – боб.
Покрај фризурата и стајлингот, најголемо внимание привлекла нејзината фигура. Имено, Деми од ден на ден е сè послаба.
Облечена во црни кожени панталони и тесна јакна, нејзиното тело изгледало крајно анорексично. А, следствено на тоа, и нејзиното лице е веќе непрепознатливо.
Сите се шокирале од слабиот изглед на 63-годишната актерка која изгледала како да ќе колабира од изнемоштеност во секој момент.
Деми синоќа се појавила и на 32-то доделување на наградите на здружението на актери, во аудиториумот „Шрајн“ и „Експо салата“ во Лос Анџелес.о Лос Анџелес. Нејзиниот изглед повторно бил предмет на коментари на социјалните мрежи.
За таа пригода, таа избрала тесен црн фустан од „Скијапарели“ позади украсен со вел што потсетува на пердуви. Изгледот го надополнила со залижана коса во пунџа и накит.
Фустанот ги истакнал нејзините тенки рамена и раце, по што следеле бројни реакции од оние кои велат дека актерката е премногу слаба.
„Анорексијата е сè уште популарна во Холивуд“, „Дефинитивно отиде предалеку“, „Изгледа толку нездраво“, „Оваа жена не е среќна“, „Таа не е некој на кого девојките треба да се угледуваат“, „Се чини дека храната е премногу скапа во Лос Анџелес“, се некои од коментарите на Икс.

