Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
НАЈНОВО

(Фото) Потресна исповед на принцот Хари: „Тоа ја уби мојата мајка“

16 април 2026

Љутков: Потребно е УНЕСКО да ја види реалната состојба во Охрид

16 април 2026

Љутков: Секогаш ќе ми фали мојата професија!

16 април 2026

Љутков: Колективниот договор е еден од најдобрите, но со време станал нефункционален

16 април 2026

Интервју со Чеферин: „Масар? Според мене тој својата работа ја извршува беспрекорно“! (ВИДЕО)

16 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, април 17
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

(Фото) Потресна исповед на принцот Хари: „Тоа ја уби мојата мајка“

Press OnlineBy Press Online16 април 2026 Магазин
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

184

Принцот Хари ја изненади јавноста во Мелбурн со искрени исповеди за најтешките моменти од неговиот живот, особено периодот по смртта на неговата мајка, принцезата Дајана.

Зборувајќи пред публиката, принцот Хари открил дека како момче тешко ја прифатил улогата што му била наменета.

– Откако почина мајка ми, непосредно пред мојот 13-ти роденден, си помислив: „Не ја сакам оваа работа. Не ја сакам оваа улога, каде и да води, не ми се допаѓа“. Тоа ја уби мојата мајка и јас бев силно против тоа и со години ја криев главата во песок. На крајот сфатив – чекај малку, ако некој друг беше во оваа позиција, како би ја искористел оваа платформа и ресурсите што доаѓаат со неа за да направи промена во светот? И што би сакала мајка ми да направам? И тоа навистина ја промени мојата перспектива – споделил Хари.

Прочитајте повеќе:

 

Хари признал дека со години се соочувал со чувството на загуба и со големиот притисок, и надворешен и внатрешен.

– Имаше многу моменти кога се чувствував преоптоварен. Моменти кога се чувствував изгубено, предадено или целосно немоќно. Моменти кога притисокот, и надворешен и внатрешен, изгледаше непрекинат. И моменти кога, и покрај сè, морав да се појавам преправајќи се дека сè е во ред, за да не разочарам никого – рекол тој.

Неговото признание трогнало многумина, бидејќи ретко зборува толку отворено за своите лични борби.

Принцезата Дајана го загуби животот кон крајот на август 1997 година во сообраќајна несреќа во Париз, кога имаше само 36 години.

Тој настан засекогаш го промени животот на нејзиниот син, кој денес, како што вели тој, се обидува да ја искористи својата позиција за нешто добро, точно онака како што би сакала неговата мајка.

 

Поврзани содржини

Рита Ора објави дека македонскиот ајвар „Перустија“ е дел од нејзиниот избор во Нов Зеланд!

15 април 2026

Каков подарок две години по разводот! Бен Афлек ѝ остави на Џенифер Лопез десетици милиони

14 април 2026

Целосен дебакл на Џастин Бибер на „Коачела“ за кој зема 10 милиони долари: „100.000 луѓе платија за ова?!“

14 април 2026
НАЈНОВО

(Фото) Потресна исповед на принцот Хари: „Тоа ја уби мојата мајка“

16 април 2026

Љутков: Потребно е УНЕСКО да ја види реалната состојба во Охрид

16 април 2026

Љутков: Секогаш ќе ми фали мојата професија!

16 април 2026

Љутков: Колективниот договор е еден од најдобрите, но со време станал нефункционален

16 април 2026

Интервју со Чеферин: „Масар? Според мене тој својата работа ја извршува беспрекорно“! (ВИДЕО)

16 април 2026
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.