Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Левица: Изборот на Ристовски за директор на МРТ значи директно политичко влијание во јавниот сервис

21 април 2026

Зајкова: Законот да важи еднакво за сите – крај за двојните државјанства на функционерите

21 април 2026

Израел: Ништо нема да произлезе од договорот меѓу Американците и Иранците, подготвени сме веднаш да ја продолжиме војната

21 април 2026

Се постапува по препораките на ДПИ, прекинато е студирањето на седум магистранди и на четворица докторанди, велат од Филозофски

21 април 2026

ЕУ усвои нова директива за борба против корупцијата: Исти казни за сите од 24 до 40 милиони евра

21 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, април 21
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Работите се сериозни поради кризата на Блискиот Исток, мојата борба е нашите граѓани да плаќаат поевтино од соседството

Press OnlineBy Press Online8 март 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес во изјава за медиуми се осврна на актуелните случувања на Блискиот Исток, за што истакна дека поради тоа енергетските пазари се чувствителни, а економиите се под притисок, и поради тоа државите мора да бидат сериозни. Тој истакна дека ќе се бори граѓаните на Македонија да плаќаат помалку од оние во регионот.

„Енергетските пазари се чувствителни, динамични и се менуваат од час во час. Економиите се под жесток притисок. Стабилноста на многу држави е на тест. Во вакви времиња државите мора да бидат внимателни. Мора да бидат сериозни. И мора да бидат одговорни“, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека во вакви времиња на Македонија најмалку што и треба е политичка паника, а тоа е токму она што СДС се обидува да го наметне, како што вели тој, преку создавање политичка хистерија и деноноќно манипулирање во јавноста.

,,Но во вакви времиња, најмалку што и треба на Македонија е политичката паника. И токму тоа го гледаме од СДСМ, ширење страв, фабрикување со лажни приказни, создавање политичка хистерија. Однесување кое се повеќе наликува на затворен круг што постојано ги повторува истите конструкции. Тоа е истото однесување кое ги доведе до историски пад на околу 100 илјади гласови“, рече Мицкоски и додаде:

,,Како Влада, кога од опозицијата манипулираат деноноќно сме посветени на две работи. Прво, анализа и чекори за кризата која доаѓа предизвикана од светските случувања на Блискиот Исток, но и пошироко. Владата нема да дозволи работите сериозно да се влошат и ќе реагираме. Мојата цел е да имаме најевтини енергенси коишто се точат во регионот, и покрај реалноста која кажува дека мора да има поскапување. Погледнете ги цените во соседните држави, за 40, 50, 60% се повисоки од тие коишто денеска ги имаат македонските граѓани. И тоа нема никогаш да излезе од опозицијата и да го признае никој од таму, а беа истите тие коишто не успеаја да обезбедат вакцини за македонските граѓани, па тогаш во време на најголемата криза, ковид кризата, македонските граѓани мораа да одат во соседството да се вакцинираат, или пак да правиме естрада и шоу на граница, кога добиваме донација од скромни пет илјади вакцини. А денеска, нема никој да каже дека споредено со тие земји од регионот, за 50-60 денари по литар имаме пониска цена на енергенсите.  Но ќе се борам и понатаму, нашите граѓани да плаќаат помалку од сите останати во регионот. Токму и тоа беше целта на средбата со претставниците од нафтената индустрија“.

Поврзани содржини

Левица: Изборот на Ристовски за директор на МРТ значи директно политичко влијание во јавниот сервис

21 април 2026

Зајкова: Законот да важи еднакво за сите – крај за двојните државјанства на функционерите

21 април 2026

Се постапува по препораките на ДПИ, прекинато е студирањето на седум магистранди и на четворица докторанди, велат од Филозофски

21 април 2026
НАЈНОВО

Левица: Изборот на Ристовски за директор на МРТ значи директно политичко влијание во јавниот сервис

21 април 2026

Зајкова: Законот да важи еднакво за сите – крај за двојните државјанства на функционерите

21 април 2026

Израел: Ништо нема да произлезе од договорот меѓу Американците и Иранците, подготвени сме веднаш да ја продолжиме војната

21 април 2026

Се постапува по препораките на ДПИ, прекинато е студирањето на седум магистранди и на четворица докторанди, велат од Филозофски

21 април 2026

ЕУ усвои нова директива за борба против корупцијата: Исти казни за сите од 24 до 40 милиони евра

21 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.