Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Напад врз рускиот Чернобил: Украина по четврт пат го погоди нафтениот терминал на Црното Море

1 мај 2026

(ВИДЕО) Протестот на работниците под евидентна медиумска блокада

1 мај 2026

Земон се извини по изјавата за Гоце Делчев, вели дека бил погрешно разбран: Тие што ширеа говор на омраза ќе се соочат со законот

1 мај 2026

Трагедија во Италија. Близнаци (22) починаа од електричен удар додека спасуваа птица

1 мај 2026

“Сакам да работам“ со честитка за 1-ви мај бара реално согледување на фактите за игрите на среќа!

1 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, мај 1
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

“Сакам да работам“ со честитка за 1-ви мај бара реално согледување на фактите за игрите на среќа!

Press OnlineBy Press Online1 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Како Здружение на вработени во секторот на игри на среќа, „Сакам да работам“ претставувајќи ги вработените во најголемиот приватен работодавач во Македонија, по повод Меѓународниот ден на трудот упатуваме честитка до сите трудољубиви сограѓани кои исто како нас, работејќи вредно обезбедуваат егзистенција за семејствата.



Земајќи предвид дека сме вработени во економски сектор, кој со години е цел на негативна кампања, ја користиме оваа прилика да испратиме неколку пораки. Ние не сме криминалци, не работиме во нелегални објекти, туку во строго регулиран сектор кој подлежи на законско лиценцирање и дозволи за работа, кои се издаваат во многу сложена и крајно контролирана административна постапка. Многумина меѓу нас се родители на малолетни деца или на тинејџери и навистина е многу страшно кога слушаме паушални обвинувања од дежурните критичари на игрите на среќа кои упорно тврдат дека легалните објекти наводно ја загрозуваат младината. Зарем навистина некој може да поверува дека приредувачите на игри на среќа имаат бизнис интерес да привлекуваат во објектите млади кои излегуваат со џепарлак од своите родители? Дали младината ќе биде повеќе или помалку загрозена ако игрите на среќа се префрлат во диви играчници по подруми? Зошто се тврди дека само излозите на објектите на игри на среќа ги привлекуваат малолетниците, а истата логика не важи за трафиките, кафулињата и кафеаните?

Во ниту една држава ригидните политики не ги даваат посакуваните ефекти. Секој викенд илјадници Грци возат стотици километри за да играат во нашите казина во Гевгелија. Албанија се откажа од четиригодишната забрана на игрите на среќа затоа што како печурки им никнаа диви играчници на кои нивните власти немаа никаква контрола. Иронијата е што дел од дежурните критичари кога одат во земји од ЕУ, во Монако, Лас Вегас или на крстарења со бродови, не се воздржуваат да посетуваат казина, да се фотографираат и да се фалат. Таму е во тренд и гламурозно да играш, а во Македонија е морален прекршок од највисок вид!

Крајно време е да се соочиме со фактите за индустријата. Игрите на среќа се многу сериозен економски двигател, значаен сектор кој директно вработува повеќе од 10 илјади луѓе, а индиректно помага меѓу 54 до 100 илјади други работни места во Македонија. Буџетски приливи од легалните игри на среќа одамна го надмина износот од 350 милиони евра на годишно ниво. Компаниите и ние вработените постојано сме дел на различни хуманитарни и донаторски активности со што покажуваме врвна општествена одговорност. Нашите работодавачи се претставници на реномирани светски и ЕУ компании кои спроведуваат највисоки стандарди на професионалност. Со години водиме кампања за подигнување на јавната свест со пораката „Забрането за малолетни лица – 100 % законски“.

Евентуалното поставување нови, невозможни за исполнување, услови за индустријата, тоа ќе предизвика принудно затворање на легалните објекти. Таквата потенцијална состојба по автоматизам ќе создаде услови за отворање на играчници на црно, како во 90-те години на минатиот век, каде младите ќе станат лесна мета, а државата ќе остане со куси ракави. Финансиските средства од редовните буџетски приливи ќе се префрлат во приватни џебови и ќе почне да цвета сивата економија. Државата ќе изгуби најмалку 6 % од буџетските приливи на приходната страна, што многу сериозно ќе ја погоди македонската економија. Истовремено ќе предизвика егзодус на најмалку 10 илјади семејства кои ќе се преселат во западните земји и таму повторно ќе работат во истиот сектор. Тоа е реалноста!



Поврзани содржини

(ВИДЕО) Протестот на работниците под евидентна медиумска блокада

1 мај 2026

Земон се извини по изјавата за Гоце Делчев, вели дека бил погрешно разбран: Тие што ширеа говор на омраза ќе се соочат со законот

1 мај 2026

1 Мај – ден на борба, а не на празник! СДСМ го поддржува протестот на работниците

1 мај 2026
НАЈНОВО

Напад врз рускиот Чернобил: Украина по четврт пат го погоди нафтениот терминал на Црното Море

1 мај 2026

(ВИДЕО) Протестот на работниците под евидентна медиумска блокада

1 мај 2026

Земон се извини по изјавата за Гоце Делчев, вели дека бил погрешно разбран: Тие што ширеа говор на омраза ќе се соочат со законот

1 мај 2026

Трагедија во Италија. Близнаци (22) починаа од електричен удар додека спасуваа птица

1 мај 2026

“Сакам да работам“ со честитка за 1-ви мај бара реално согледување на фактите за игрите на среќа!

1 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.