Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Пријави за бомби во неколку училишта во Сплит, полицијата ги проверува

20 април 2026

Од Словенија се приближува ново невреме: Бура, град и силни ветрови

20 април 2026

Избори во Бугарија: Според обработени 68,34 отсто од протоколите, Прогресивна Бугарија води со 44,5%, ПП – ДБ е на второ место со 14 проценти, објави ЦИК

20 април 2026

Триумфот на Румен Радев и потопот на Бојко Борисов на изборите во Бугарија

19 април 2026

Румен Радев: Очекувавме да бидеме први

19 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, април 20
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Започнуваме нови три инфраструктурни проекти во Кочани

Press OnlineBy Press Online13 март 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Денеска започнуваме со три вредни, значајни инфрастрктурни проекти за Кочани, проекти со кои ќе го смениме ликот на Кочани. Тоа е изградба на влезниот булевар, понатаму изградба на мост на Кочанска река и проект за изградба на цевковод со кој ќе овозможиме чиста вода за пиење за поголем дел од градот, изјави заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, кој заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и градоначалникот Владко Грозданов, означија почеток на градежните работи на овие три проекти. 

Инвестициите во инфраструктурни проекти само од Министерството за транспорт се движат околу 5,5 милиони евра, истакна вицепремиерот Николоски.

Во продолжение интегралната изјава на вицепремиерот Николоски:    

“Навистина ми е драго што денес сме во Кочани за да започнеме три големи проекти кои што се значат многу за градот, за целата општина, за подршка. Почнуваме со реализација на влезниот булевар, кој што е проценета вредност околу 2 милиони евра и очекуваме во наредните година и половина да биде завршен. Понатаму  мост на Кочанска река со вредност од некаде околу 350.000 евра и она што долго време се очекуваше, проект кој што е започнат уште во 2013 година, тоа е довршување на водоводот со изработка на еден потисен цевковод кој што треба да овозможи чиста вода за пиење за поголем дел од градот, кој што е вредност некаде околу 1.100.000 евра и исто така очекуваме за една година да биде завршен.

Значи ова се вкупно три проекти што ги почнуваме денес и кои што очекуваме со предвидена динамика во соработка со општината да ги завршиме. На тоа се работат уште три проекти кои што одат исто така со заем од Светска банка преку Министерството за транспорт. Два се веќе завршени, еден се работи во вкупна вредност се околу 550.000 евра, кога ќе се собере се заедно доаѓа една инвестиција од околу 4 милиони евра кои што се дополнителни средства на оние средства кои што редовно ги добиваат општините како поддршка.

Таа поддршка беше 250 милиони евра за минатата година и 100 милиони евра за предходната година. Во рамките на таа поддршка веќе се работи другиот булевар во вредност од некаде околу милион и половина и таму интензивно одат активностите со кога ќе се собере се зборуваме за вредност од 5,5 милиони евра средства кои што се инвестираат само во инфраструктура, што се надеваме дека целосно ќе го промени ликот на градот и на општината и остануваме посветени и во следниот период да работиме заедно со општината.

На дневна основа сме во координација и сакам да се заблагодарам на градоначалникот и сакам да се заблагодарам лично на председателот на Владата, на премиерот Мицкоски за тоа што на дневна основа Кочани е приоритет и така и ќе остане во следниот период” – изјави вицепремиерот Николоски.

Поврзани содржини

Нови дојави за бомби во „Ист гејт“ и „Дајмонд“, полицијата прави евакуација и проверки

19 април 2026

ВРЕДИ: На кој јазик синот на Талат Џафери го положи правосудниот испит?!

19 април 2026

Корумпираниот судија од Врховен „ќари“ условен отпуст: наместо за три години, веќе летово ќе си го помине на слобода

19 април 2026
НАЈНОВО

Пријави за бомби во неколку училишта во Сплит, полицијата ги проверува

20 април 2026

Од Словенија се приближува ново невреме: Бура, град и силни ветрови

20 април 2026

Избори во Бугарија: Според обработени 68,34 отсто од протоколите, Прогресивна Бугарија води со 44,5%, ПП – ДБ е на второ место со 14 проценти, објави ЦИК

20 април 2026

Триумфот на Румен Радев и потопот на Бојко Борисов на изборите во Бугарија

19 април 2026

Румен Радев: Очекувавме да бидеме први

19 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.