Благица Петрески од Finance Think во Бизнис21 на ТВ21 вечерва кажа дека зголемените цени на нафтата не би требало да влијаат врз цените на другите производи, додавајќи дека сето тоа може да се промени во случај конфликтот да продолжи.
„Индиректно нашата економија е изложена од ризиците на војната во Блискиот Исток. Прашање е исто како ќе биде погодена ЕУ како наш клучен партнер. Ние не можеме да делуваме на ваквите случувања, може да преземаме само корективни мерки, но ЕУ може да делува во моќ на преговори, особено за нафтата.
Сите овие фактори во моментот се соочуваат со низа на непознати прашања. Колку долго ќе трае оваа криза. Никој не знае дали ќе се разреши со одреден договор меѓу САД и Иран, или ќе трае подолго. Должината на конфликтот ќе влијае на нашата економија. Вториот аспект е каква ќе биде реакцијата на остантите понудувачи на нафта, кои не се лоцирани таму каде што е конфликтот.
Според нашите последните проценки, ако оваа криза е на краток рок, ефектите врз ефектите на цените ќе бидат умерени. Прогнозите се дека конфликтот и новите цени на нафтата умерено ќе влијаат врз општото ценовно ниво во државата“, рече Петрески.

