Умерено облачно со сончеви периоди, а попладне претежно во западните делови со услови за краткотраен повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.
Во Скопје, умерено облачно, наместа ќе има услови за повремен локален дожд. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 18 степени.

