Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

ССМ повикува на масовен протест за 1 Мај: 260.000 работниците преживуваат со плата под 600 евра

30 април 2026

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство  

30 април 2026

Собранието изгласа укинување на техничката влада 

30 април 2026

СДСМ: Со укинувањето на техничката влада, државата капитулираше пред криминалот

30 април 2026

Пронајдени марихуана, амфетамин и метадон при претрес во Аеродром, поведена истрага

30 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, април 30
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство  

Press OnlineBy Press Online30 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Од Министерството за правда соопштуваат дека ,,поради отсуството на СДСМ, беше одложена четвртата седница на Работната група за реформи во изборното законодавство, процес од кој директно зависи кредибилитетот на изборите и довербата на граѓаните”.

Министерот за правда, Игор Филков информираше дека политичките партии доставиле дополнителни забелешки и коментари на препораките на ОБСЕ/ОДИХР. На маса биле и предлозите на институциите кои се вклучени во изборниот процес а со кои во изминатиов период како Министерство за правда имавме конструктивни средби: Државната изборна комисија, Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Агенцијата за администрација и независните граѓански иницијативи.

,,Но, она што денес изостана е токму она што е најпотребно – политичка зрелост. Не може да зборуваме за фер и демократски избори, а истовремено да не учествуваме во процесот кој треба да ги обезбеди тие стандарди. Демократијата подразбира дијалог, компромис и заедничка одговорност. Денеска имавме можност да го видиме вистинското лице на за жал, изгубената политичка партија која што со низа погрешни потези водени од тесногради партиски интереси свесно ја блокира реформската агенда и го кочи европскиот напредок на државата. СДСМ избраа да не бидат дел од процесот во момент кога се носат суштински одлуки. Ова е доказ, дека нивните заложби за европска иднина се само декларативни, а реалноста е нешто сосема спротивно “, изјави министерот за правда Игор Филков.

Филков посочи дека ова не е прв пат, СДСМ вака да се однесува.

,,Во Собранието го блокираа и клучниот реформски Закон за Јавното обвинителство, иако дел од нивните амандмани беа прифатени. Со ваквите нивни, би рекол крајно срамни и неодговорни политики, реформите се држат во заложништво на тесно партиските интереси, а европската иднина на нашите граѓани во неизвесност. Со досегашното неодговорно однесување на СДСМ и неучеството во работната група за реформи во изборното законодавство директно се загрозени 4 милиони, 281 илјада , 623 евра. А, со блокадата на Законот за јавното обвинителство во Собранието, дополнително, 6 милиони, 422 илјади,623 евра. Пари кои што и те како, може да го олеснат реформскиот процес и да ги подобрат состојбите во правосудството за секој наш граѓанин”, рече Филков.

Тој порача дека Владата продолжува посветено да работи на реформите во државата се до крајната цел – обезбедување стабилност, просперитет и владеење на правото.

Поврзани содржини

ССМ повикува на масовен протест за 1 Мај: 260.000 работниците преживуваат со плата под 600 евра

30 април 2026

Собранието изгласа укинување на техничката влада 

30 април 2026

СДСМ: Со укинувањето на техничката влада, државата капитулираше пред криминалот

30 април 2026
НАЈНОВО

ССМ повикува на масовен протест за 1 Мај: 260.000 работниците преживуваат со плата под 600 евра

30 април 2026

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство  

30 април 2026

Собранието изгласа укинување на техничката влада 

30 април 2026

СДСМ: Со укинувањето на техничката влада, државата капитулираше пред криминалот

30 април 2026

Пронајдени марихуана, амфетамин и метадон при претрес во Аеродром, поведена истрага

30 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.