Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Јаневска го чека извештајот од Филозофскиот факултет на УКИМ за нерегуларностите при упис на втор и трет циклус студии

21 април 2026

СДСМ: Груевски веќе има унгарски и српски пасош

21 април 2026

ИОМ: Во 2025 година на мигрантските рути загинаа или исчезнаа приближно 8.000 луѓе

21 април 2026

Левица: Изборот на Ристовски за директор на МРТ значи директно политичко влијание во јавниот сервис

21 април 2026

Зајкова: Законот да важи еднакво за сите – крај за двојните државјанства на функционерите

21 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, април 21
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Примирјето меѓу САД и Иран ја урна цената на нафтата

Press OnlineBy Press Online8 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

По договорот за примирје меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, драстичен пад на цените на суровата нафта на светските берзи. Само што се отвори тргувањето со овој енергент започна силен ценовен пад, при што до затворањето на прилогот цената на барел Брент сурова нафта се движеше меѓу 92 и 93 долари, односно намалувањето е околу 15 до 16 проценти во текот на денешниот ден. За македонската економија, доколку ова примирје прерасне во траен мир, тоа би значело најповолно сценарио за релативно брзо стабилизирање на кризата, односно до крајот на годината постепено да се анулираат ефектите од нафтениот шок врз инфлацијата. Според универзитетскиот професор Марјан Петрески, последните податоци за инфлацијата во Македонија, на прв поглед може да упатуваат дека растот на цената на нафтата веќе се прелева врз цените. Но, подеталната анализа покажува дека прелевањето засега е ограничено и главно се задржува кај транспортните трошоци.

„Така што, според оваа месечна динамика, ние не гледаме некое големо прелевање на нафтениот шок врз општото ценовно ниво. Сега не треба да се избрза и тоа евентуално да се заклучи од годишната ставка, затоа што таа е навистина релативно висока, 4,9%, меѓутоа ако погледнеме подлабоко, ќе видиме дека всушност тоа се должи на ниската споредбена основа“, изјави Марјан Петрески, универзитетски професор.

Односно високиот раст кај храната се должи на ниската споредбена основа со март минатата година, кога во истиот период беа замрзнати маржите и цените во рамки на таканаречената „Рамазанско – велигденска кошница“. Инаку, храната во март во однос на февруари, кога немавме нафтен шок, порасна само 0,4 отсто.

Но, во јавноста останува едно прашање кое отвора дилеми – зошто при кризите во 2008 и 2009 година, кога цената на нафтата достигна пик од речиси 150 долари за барел, инфлацијата не порасна драстично, односно ударот беше релативно краткотраен, по што следуваше стабилизирање веќе во месеците потоа.

„Се разбира, денеска е светот повеќе, да кажам, глобално поврзан, односно беше пред почетокот на овие кризи споредено со 2008 година, веќе ефектот од синџирите на вредности или синџирите на снабдување и нивниот ефект врз цените денес е повеќе вграден во анализите во очекувањата, споредено со кризите од пред 20 години. Пазарот на труд, ако земеме, исто така е позатегнат денес, што прави одреден притисок за раст на платите, па дури ако сакате да погледнете од страната на побарувачката, имаме една поинаква состојба денес, споредено со пред 20 години“, изјави Марјан Петрески, универзитетски професор.

Ова значи дека во 2008 и 2009 година, и покрај високите ценовни пикови на нафтата, глобалната економија се соочуваше со реална економска криза, со повисока невработеност и значително пониски очекувања за раст на цените. Побарувачката беше ослабена, а граѓаните имаа помала куповна моќ. Во изминатата деценија условите значително се променија.

Поврзани содржини

Јаневска го чека извештајот од Филозофскиот факултет на УКИМ за нерегуларностите при упис на втор и трет циклус студии

21 април 2026

СДСМ: Груевски веќе има унгарски и српски пасош

21 април 2026

Левица: Изборот на Ристовски за директор на МРТ значи директно политичко влијание во јавниот сервис

21 април 2026
НАЈНОВО

Јаневска го чека извештајот од Филозофскиот факултет на УКИМ за нерегуларностите при упис на втор и трет циклус студии

21 април 2026

СДСМ: Груевски веќе има унгарски и српски пасош

21 април 2026

ИОМ: Во 2025 година на мигрантските рути загинаа или исчезнаа приближно 8.000 луѓе

21 април 2026

Левица: Изборот на Ристовски за директор на МРТ значи директно политичко влијание во јавниот сервис

21 април 2026

Зајкова: Законот да важи еднакво за сите – крај за двојните државјанства на функционерите

21 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.