Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
НАЈНОВО

(Фото) Потресна исповед на принцот Хари: „Тоа ја уби мојата мајка“

16 април 2026

Љутков: Потребно е УНЕСКО да ја види реалната состојба во Охрид

16 април 2026

Љутков: Секогаш ќе ми фали мојата професија!

16 април 2026

Љутков: Колективниот договор е еден од најдобрите, но со време станал нефункционален

16 април 2026

Интервју со Чеферин: „Масар? Според мене тој својата работа ја извршува беспрекорно“! (ВИДЕО)

16 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, април 17
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Во Вардар „згасен“ уште еден голем пожар!

Press OnlineBy Press Online16 април 2026 Спорт
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


Не цветаат рози во ФК Вардар иако тимот грчевито се бори да ја врати титулата во Скопје и во просториите на „црвено-црните“. Во саботата беше победен градскиот ривал Работнички со тенки 1:0 и со неубедлива и лоша игра на избраниците на Гоце Седлоски.

Но, по натпреварот и неколку дена покасно имаше тензии на релација тренер со Диего Кастањеда. Аргентинецот бил прилично дрзок, непрофесионален и разговарал со повишен тон, и кон соиграчите, но и кон стручниот штаб. Замислен дека е Меси, бил лут поради тоа што бил седнат на клупата. А самиот треба да стави прст на глава и да се запраша што игра и каков беше неговиот учинок на дуелот со Пелистер (0:0).

Гоце Седлоски „зоврел“ во целиот тој хаос и најавил суспензија на Диего Кастањеда. Сепак фудбалерот вчера собрал храброст и по „советот од менаџерскиот тим“, им се извинил на играчите и стручниот штаб.

Не е јасно само дали им се извини и за тоа што земал плата или плати пред сите останати во клубот кои исто така биле „збеснати“ од таквиот потег на „менаџерскиот тим“, кој со поинакви очи гледа кон Аргентинците во однос на останатите играчи.

Можеби Кастањеда и останатите Аргентици уште сега покажуваат „заби“ и сила пред другите, откако нивниот сонародник Кристијан Фабиани веќе е во Скопје и е најавен како наследник на Гоце Седлоски за следната сезона.

И треба да мислат така со оглед на тоа дека истиот „менаџерски тим“ ги донесе и нив, а и новиот тренер. Многу едноставно…

Поврзани содржини

Интервју со Чеферин: „Масар? Според мене тој својата работа ја извршува беспрекорно“! (ВИДЕО)

16 април 2026

Трет пораз на Македонија У19 на елитниот квалификациски турнир

16 април 2026

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Борче Христов (Тиквеш)

16 април 2026
НАЈНОВО

(Фото) Потресна исповед на принцот Хари: „Тоа ја уби мојата мајка“

16 април 2026

Љутков: Потребно е УНЕСКО да ја види реалната состојба во Охрид

16 април 2026

Љутков: Секогаш ќе ми фали мојата професија!

16 април 2026

Љутков: Колективниот договор е еден од најдобрите, но со време станал нефункционален

16 април 2026

Интервју со Чеферин: „Масар? Според мене тој својата работа ја извршува беспрекорно“! (ВИДЕО)

16 април 2026
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.